5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) НК 12, ЕСЕРА и ТЕРА БИОСА во Фиталија за прихрана и заштита од пеколните горештини

Дека Земјоделската аптека Фиталија посветено работи на зголемување палетата од производи наменети за прихрана, заштита за здраво и квалитетно земјоделско производство во услови на екстремни временски прилики, говори понудата од дополнителни органски препарати наменети за растително производство. Покрај добро познатите НК 12 и Есера, понудата се надополнува со данскиот производ Тера Биоса кој што е во европскиот врв по својот квалитет. Оваа програма нуди заштита на градинарското производство, индустриските култури, вклучително и тутунот, како  и житните култури при екстремни вредности на УВ зрачење и пеколни температури на изложеност на растенијата до 50 степени температура. 

 

– Имаме новитет во нашата програма, а тоа е Тера Биосата која е на база на 19 живи организми кои немаат никакво штетно влијанието и јас тоа можам тоа да го потврдам бидејќи течноста може и човекот да ја пие за здрав имунитет, посочува Ели Ристеска, агроном, додавајќи дека земјоделската аптека Фиталија е добро позната на земјоделците по квалитетот на услугата, стручни совети, а од неодамна со проширување на својата програма само ја зацрстува довербата кај своите соработници и клиенти.

Што претставува Тера Биоса?

– Тоа е универзална биолошка мешавина од данско потекло. Примената на овој производ е повеќе наменска. Нејзината главна улога е прихраната, овозможува на развој на микробиолошката структура во почвата, поточно поттикнување на целокупната плодност во почвата. Со додатокот на тие микроорганизми кои се вкградени во составот но покрај таа компонента на прихрана, она што ја прави посебна Тера Биосата и за кое што треба да бидеме благодарни што ја имаме во Македонија е покрај тоа што носи прихрана, нуди и заштита на секоја земјоделска култура. Применлива е за градинарски култури, индустриски култури, житни култури. Кога се зборува за Тера Биоса, се размислува растение, култура и Тера Биоса, без оглед за која култура станува збор. Битната компонента е прихраната и заштитата, посебно што ме воодушевува е нејзината комплетност во заштитата, потенцира Христина Јованоска Карапеева, агроном, застапник на овој производ со данско потекло.

Кои се предностите на Тера Биоса, како се применува и кога во продолжение од разговорот: 

Би можело да ве интересира

(Фото )Крушево од поинаков агол – пред и по дождот

Елизабета Филипоска

По пауза од две години во Ресен и Преспа се одржа „Ајде шана мана под Галичица“.

Стоби флипс и Брилијант на Витаминка се најпознати брендови на македонскиот пазар

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе