4.9 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Кога Мало Коњари ќе добие функционален канализационен систем?

Започнат со изградба пред повеќе од 9 години, канализациониот систем во Мало Коњари сеуште не е во целосна функционалност. Само дел од домаќинствата се поврзани со канализационата мрежа, а повремено се случуваат дефекти на препумпната и пречистителната станица. Пред неколку месеци (март 2023) при еден таков дефект кога дојде до излевање на отпадната вода од станицата реагираа жителите од Мало Коњари кога, добија ветување дека проблемот ќе се реши од како канализациониот систем ќе премине за менаџирање од Министерството за транспорт и врски, надлежни за проектот, на ЈКП Водовод и канализација Прилеп.

До каде е постапката – новинарско прашање до Игор Гулабоски, директор на ЈКП Водовод и канализација Прилеп и кога домаќинствата во Мало Коњари конечно ќе добијат канализациона мрежа и функционална пречистителна станица.

– Тргнаа работите во позитивна насока. Министерството за транспорт и врски, побара од Општина Прилеп оформување на комисија, 2 члена од комисијата и 1 член од ЈКП Водовод и канализација Прилеп. Во Скопје се предадени сите документи што постојат за самата мини – пречистителна станица за населено место Мало Коњари. Документите ги има Општината. Моментално работи на упис на самата пречистителна станица во Мало Коњари, постапката очекувам дека за 2 недели или три најдоцна ќе биде завршена во Општината и потоа ќе остане на првата наредна седница Советот да ја предаде на ЈКП Водовод и канализација Прилеп. Сакам со бројки, приближно, некаде од 1 ви септември оваа година, ЈКП Водовод да стопанисува со мини пречистителната станица во Мало Коњари. Тогаш ќе бидат завршени етапно сите приклучоци во населеното место и постоечките кои беа со самиот проект ќе бидат проверени и ќе биде ставена во функција мини пречистителната станица. Проблемот веќе од септември ќе почне етапно да се решава, тоа значи етапно поврзување на сите домаќинства, а најпрво основното училиште, изјави Игор Гулабоски, директор на ЈКП Водовод и канализација Прилеп.

Канализациониот систем во Мало Коњари е долг 5,5 километри,  инвестицијата на Министерството за транспорт и врски првично беше предвидена дека е во висина од  17 милиони денари. Стартот на градежните работи беа во февруари 2014 та година.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Низ фотографија – Маратонците трчаат во чест на Тоше

Елизабета Филипоска

Дневен Ковид биланс – Прилеп руши рекорди

Гордана Цветаноска

Македонската рурална жена е сеуште дескриминирана без право на породилно отсуство и боледување

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе