„Летајте убавини достигнете ги височините“ беше мотото на целовечерната приредба подготвена од вредните ученици под раководство на нивните наставници – ментори од ООУ„Климент Охридски“. Разновидни и колоритни изведби ја красеа сцената на ЦК „Марко Цепенков“. Низ песни, игра, рецитали, балет, учениците од сите возрасти ги прикажаа своите таленти, несомнено приготвувани изминатите месеци за оваа завршна манифестација. Програмата која започна со хорската изведба на „Роза сина“ беше поделена во 4 блока. Многубројната публика ја проследи изведбата на посебните паралелки, потоа се претставија најмладите со драмата „Убавицата и ѕверот“. Интересно беше што во вториот блок се вклучија и КУД Пензионери со заедничка изведба на учениците од трето одделение на народната песна „Чешма шарена“. И рецитаторите имаа свој удел во програмата, како и вљубениците во модерниот балет. Секако не изостана и хуморот преку изведбата на драмската секција на „Фчерашни вести“.
Галеријата од фотографии ќе ви ја доловат богатата програма на ООУ„Климент Охридски“.