26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

„Слатки соништа“ на Пиловски ќе ја претставува Македонија на хрватскиот филмски фестивал

„Слатки соништа“ (Sweet dreams) на Зоран Пиловски е единствениот претставник од Македонија на Хрватскиот фестивал на едноминутен филм. Во официјалната програма ќе се претстават 60 филмови, меѓу кои и краткиот филм „Слатки соништа“ – единствениот претставник од Македонија кој што вкупно трае 59 секунди.
Зоран Пиловски е дел од тимот на Фан продукција од Прилеп кој и досега добиваше вредни награди на повеќе фестивали во земјава и манифестации од областа на видео монтажата, камера и фотографија, како што се Камера 300 во Битола, Фестивалот на непрофесионален филм во Велес и други. Ова е прво учество на Пиловски на фестивал во странство.
Инаку, Хрватскиот фестивал на едноминутен филм е реномирана манифестација во светски рамки кој што годинава ќе го има своето
26 то издание. Жири комисијата која ќе ги оценува селектираните кратки филмови е составена од реномирани режисери, сценографи од Ју просторите и Европа меѓу кои и македонскиот режисер Горан Тренчовски
Фестивалот ќе се одржува во Пожега од 24 до 27 мај годинава.

Би можело да ве интересира

Премиера на филмот „Приказната за Силјан“ во Мис Стон во Прилеп

(ВИДЕО) Припаѓа ли на градот Пелагон?! Во близина на с. Прилепец откриена значајна градба – римска античка бања од 1 век п.н.е

Пела Редакција

Вечерва, концерт на духовна музика на хорот „Св. Петка“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе