Во Крушево предвидено е собраниска делегација, предводена од претседателот Талат Џафери, свечено да ја одбележи 120-годишнината од Илинденското востание и Крушевската Република.
Програмата предвидува положување свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, положување свежо цвеќе на Споменикот на Слива „На хероите на Слива“, Панихида во храм „Свети Никола“, Голем народен собир на „Мечкин Камен“. Потоа, следува обраќање на Џафери.
09:00 часот Положување свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, Македониум;
09:30 часот Положување свежо цвеќе на Споменикот на Слива „На хероите на Слива“;
10:00 часот Панихида, Храм „Свети Никола“
11:30 часот – Голем народен собир на „Мечкин Камен“
– Обраќање на Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Македонија
– Културно-уметничка програма
На Мечкин Камен ќе присуствува и партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот Христијан Мицкоски, која уште ќе ја сочинуваат потпретседателот Александар Николоски, потпретседателката Гордана Димитриевска Кочоска, потпретседателот Владо Мисајловски, генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.
08:40 – Положување на цвеќе пред спомен бистата на Ѓорче Петров
08:50- Положување на цвеќе пред спомен бистата на Кузман Јосифоски Питу
09:00 – Положување на цвеќе пред спомен бистата на Пере Тошев
09:30 – Положување на цвеќе на Могилата на Непобедените.