-2.7 C
Прилеп
петок, 21 февруари, 2025
Пела Радио

( Видео)Контролен натправар Победа- Пелистер нерешено по дожд, прекини и грмотевици

По дожд, грмотевици, и прекини поради невремето – нерешен (1:1 ) беше исходот од пријателскиот фудбалски натпревар меѓу вечните соседни ривали Победа и Пелистер. Голема борба се водеше како да се играше за пехар. На играчите не им пречеше ни ветерот ни поројниот дожд, ниту водата на делови од теренот.Но поради невремето и силиот дожд играта во првото полувреме беше прекината 10 мин.

 

ПОБЕДА: И. Николоски – М. Талески, Белески, Стомнароски, Кукески – Ј. Наумоски, Кочоски, Ѓорѓиевски – Ф. Димоски, А. Петејчук, Алимоски. Тренер: Филип Мирчески. Уште играа: С. Спиркоски, Ф. Спиркоски, Богевски, Л. Петејчук, Миланоски, Г. Димоски, Трајкоски, Табаковиќ.

ПЕЛИСТЕР; Петровски – Пановски, Костов, Гроздановски, Миленковски – Б. Љамчевски, М. Наумоски, Б. Спиркоски – Д. Јошески , Размоски, Христов. Тренер: Влатко Костов. Резерви: Димовски, Стојановски, М. Дебрешлиоски, Стефановски, Здравевски, Парталко, П. Љамчевски, Наумовски, Трајковски, Талевски, Силјановски.

Двете екипи во новата сезона повторно ќе водат битки во ВМФЛ и заедно со Беса и Детонит Плачковица се во потесниот круг за највисок пласман и враќање во елитата.

Новата сезона во ВМФЛ започнува следниот викенд. Пелистер ќе се судри со Беласица, додека Победа ја чека дуел со Тетекс

Преземено од Шампион.мк: https://shampion.mk/?p=8002

Би можело да ве интересира

(Видео)Фудбалски Прилеп славеш за пласман на Европско

Елизабета Филипоска

Прв бод на Победа!!!

Од десет џудисти 10 медали

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе