29.8 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Моштите на св.Климент Охридски ќе бидат изложени во храмот „Св.Кирил и Методиј„ (ПАРАКЛИС)

На Големиот македонски и општохристијански празник, кој се слави на 9 август (нс.) во  споменот на св. Климент Охридски, кој е упокоен на овој ден 916 година и во споменот на светите Седмочисленици и споменот на големиот исцелител свети Пантелејмон, во прилепскиот храм „Св.Кирил и Методиј„ (ПАРАКЛИС), ќе бидат изложени МОШТИТЕ на Св.Климент Охридски, на 8 ми и 9 ти август,“ каде можат да се поклонат и да се помолат сите верници за здравје и спасение“-  се вели во сооопштението од црковниот храм.

“Благочестиви христијани торжествено славејќи го споменот на застапникот на македонскиот род, но и постојанен молитвеник пред престолот Божји за нас, нашиот патрон св.Климент Охридски, сакаме да ве ПОКАНИМЕ и известиме дека во нашиот храм Св.Кирил и Методиј (ПАРАКЛИС), на ден 08.08. 2023 година, вторник со почеток од 17 часот ќе се отслужи празнична вечерна богослужба , а на ден 09.08.2023 година во среда со почеток од 08.00 часот, кога се слави и неговиот спомен ќе се служи Света Литургија и двата дена, како и секоја година, ќе бидат изложени МОШТИТЕ на Св.Климент Охридски во храмот, на кои можете да се поклоните и да се помолите за ваше здравје и спасение.
Со Божји благослов од свештеничкото братство при храмот свети Кирил и Методиј.“ 

 

Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на својот живот именденот го празнувал на 8 декември (25 ноември с.с.) на празникот на Св. свештеномаченик Климент епископ Римски, подоцна неговиот главен празник бил поместен на овој датум, а на денешен ден се празнувал заедничкиот спомен на седумтемина рамноапостолни словенски светители познати како свети Седмочисленици (св. Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј). Св. Климент Охридски Чудотворец е најпознатиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј, последен од нив починал и поради тоа денот на неговото упокојување бил земен за нивни заеднички празник. Светиот великомаченик Пантелејмон спаѓа меѓу најпознатите исцелители што лечеле со Божја помош. Настрадал за време на царот Максимилијан кога е вршен страшен прогон на христијаните.

Би можело да ве интересира

Промени и предизвици во спроведувањето на инклузивното образование

Пела Редакција

Божиќен ручек за 500 деца по 20ти пат во Прилеп

Пела Редакција

Збор – два со психологот Јован Велески за пандемијата: „Време е за созревање!“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе