2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Викендов (26 и 27) ако го посетувате Крушево – ќе има забрана за движење на возила поради одржувањето на „ФИС ролер ски куп Тоше Проески 2023“

Оваој викенд е добра можност да го посетите Крушево , ако сте љубители на „летното нордиско скиање“  зашто  по седми пат ќе се  организира „ФИС ролер ски куп Тоше Проески 2023“ . Но , и една важан инфомрација  за возачите и оние кои сакаат да се упатат кон Крушево:  „ Заради одржувањето на „ФИС ролер ски куп Тоше Проески 2023“ , за безбедноста на учениците и нормално одвивање на натпреварот,  викендов ,  сабота 26 и недела 27 август ,  ќе има забрана за движење на возила од месноста наречена “Стопанство” во близина на фабриката СЕКЕ до градот Крушево во следниве временски периоди:

– Сабота од 09.40 дo 12.00 часот

-Недела од 09.40 дo 11.40 часот.

Информираа од  клубот “Ски Нордиски”.

Инкау, станува збор за меѓународен спортски настан, кој годинава ќе се одржи во Крушево по седми пат. Свеченото отворање на „ФИС ролер ски куп Тоше Проески 2023“  е в петок (25 август) со почеток во 19:00 часот пред Спомен куќата на Тодор Проески. оваа година на „ФИС ролер ски куп Тоше Проески 2023“ ќе земат  учестуваат околу 50-тина ролер-ски натпреварувачи од  Казахстан , Грција , Бугарија и  Македонија.

Поддржувачи на настанот се Агенција за млади и спорт, Меѓународна Скијачката Федерација и општина Крушево, а технички организатор е клубот “Ски Нордиски” од Крушево

Би можело да ве интересира

Дел од главната сообраќајница во Крушево затворена, екипите работат на канализацијата

Христоски: Илинден не само што е голем празник, туку е наша одговорност да го одбележуваме, славиме и чуваме!

Најголемата збирка на дела од Мартиноски се наоѓа во Крушево (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе