7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Од утре вон употреба хартиените 10 и 50 денари

Народната банка од утре ги воведува пластичните, полимерни банкноти од 10 и 50 денари, кои ќе ги заменат досегашните хартиени банкноти.

Со веведување на нови банкноти од 10 и 50 денари, според Народната банка почнува процесот на полимеризација на банкнотите во земјава.Рокот за нивна замена е една година. Во овој период замената ќе се врши во коменцијалните банки, а потоа во Народната банка.

Според Одлуката, книжните пари во апоени од 10 и 50 денари, коишто се во оптек од 8 септември 1996 година и коишто се издадени според Одлуката за издавање, апоенска структура и основни белези на книжните пари и Одлуката за издавање на банкноти во апоени од 10, 50 и 100 денари со изменети белези, се повлекуваат од оптек, со бесплатно издавање други книжни и ковани пари во еквивалентен износ. Со воведување на новите банкноти од 10 и 50 денари, истакнуваат од Народната банка, почнува процесот на полимеризација на банкнотите во земјава.

Полимерните банкноти се изработени на современ начин и со најсовремен материјал и не се оштетуваат лесно.

Анализите покажуваат дека животниот век на банкнотите изработени од полимер е подолг за 2,5 до три пати, а во некои случаи и за четири пати од оној на банкнотите изработени од хартијата во чијашто основа се памучни влакна. Овие банкноти се изработуваат од флексибилна пластична фолија и содржат безбедносни карактеристики за заштита од фалсификување.

Доколку правните лица не се во можност од деловните банки да обезбедат соодветни примероци од полимерните пари за потребните софтверски приспособувања, можат да се обратат до Дирекцијата за трезорско работење на НБРМ, каде што ќе им бидат обезбедени потребните количини од полимерните пари.

 

 

Би можело да ве интересира

Грант средства преку АВРМ за нови бизниси добија 35 баратели

Промоција на книгата „Перспективни ориенталски сорти тутун и сортна структура во македонското примарно производство на тутун “

Гордана Цветаноска

Прв пат, после 20 години Тут-ком – Прилеп на крајот на годинава ќе покаже добивка

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе