11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Седница на Совет: за пензионери бесплатен превоз, за студенти стипендии, за згрижување деца воспитни група со поголем број деца…

Доделување стипендии за студенти од Општина Прилеп , користење на бесплатен јавен градски превоз за пензионерите кои примаат минимална пензија, изградба на покриено спортско игралиште, беа само дел од усвоените одлуки на Советот на Општина Прилеп  донесени на денешната седницата прва, по завршување на летниот одмор на советниците.

Советниците ги разгледаа, и, дебатираа за тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП ,,Водовод и канализација”-Прилеп за период од 01.04.2023 година до 30.06.2023 година, на ЈКП ,,Комуналец”- Прилеп,  на ЈП за ПУП Прилеп и на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’-Прилеп, за истиот тој период, на кои раководителите на овие јавни  претпријатија се обидуваа пред советниците да ги оправдаат и разјаснат извештаите од нивното финансиско работење .

Беа разгледани, и усвоени, од мнозинството, годишните планови: за вработување во 2023 година на ЈП за ПУП Прилеп, годишниот план за вработување за во 2024 год. на библиотеката  ,,Борка Талески’’- Прилеп и годишниот план
за вработување во 2024 година, на ЈОУДГ ,,Наша иднина’’-Прилеп.

Поради интересно за згрижување на деца во градинки, а при недостаток на простор за престој и сеуште не ставање во функција на новоизградената детска градинка во населбата „Точила“, ЈОУДГ ,,Наша иднина’’-Прилеп, побара и доби одобрување од советниците за работа на воспитни група со поголем број на деца.

Средните училишта, пак, поради немање доволно ученици во прва година,  добија согласност од Советот на Општина Прилеп за формирање на паралелки со помал број на ученици во I (прва) година, во учебната 2023/2024 година .

Советниците веднаш го усвоија кварталениот извештај за извршување на Буџетот на Општина Прилеп за втор квартал за 2023 година кој се најде на дневен ред на оваа седница. Но, најмногу се задржаа на советничките прашања поврзани, пред се, со изградба на патната инфраструктура во градот, на чии прашања одговараше градоначалникот на Прилеп, кој присуствуваше на оваа седница. Дискусијата продолжи и за точката „предлог-одлука за утврдување Нацрт План за измена и дополнување на Генерален урбанистички план за град Прилеп,  со плански период 2013- 2023 од планска документација на Општина Прилеп“, каде советничката група на опозицијата се огради да учестувува во гласањето, тврдејќи дека изгласувањето на  оваа точка би донесло урбан хаус во Прилеп.

Во набојот на меѓусебно докажување кој е подобар и политичка реторика која, од време на време, излегуваше од рамките на пристојна комуникација, со напади и квалификации за (не)сработеното и што е ветено и (не) реализирано за двегодишниот мандат на власта,  беа усвоени сите 40 точки од дневниот ред, вклучително и програмата за организаирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на Општина Прилеп, за сезоната 2023/2024, одлуката за определување на локалитет за организирање на фестивалот „Prilep Beer Weekend“, програмите за работа на сите основните училишта за 2023/2024 година.

Дури, Советот на Општина Прилеп, денеска, даде согласно СЕКЕ ПРИЛЕП ДООЕЛ Прилеп, да има право во својот назив да го користи името на Општината „Прилеп„ .

 

Би можело да ве интересира

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Карески: Фокусирани сме на аранжманите кон земјите од соседството (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Можност да се ослободите од непотребните габаритни предмети во вашиот дом

Бесплатен градски превоз по повод денот “ Европската недела на мобилност“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе