29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Силен пожар на територијата на Кривогаштани

Околу 14.00 часот изби силен пожар на територијата на Општина Кривогаштани, помеѓу с. Подвис и с. Годивје. Гори трева и нискостеблести растенија.

Во гаснењето учествуваат пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево.

Еден полициски хеликоптер полетал и дејствувал, иако претходно немаше дозвола за летање поради надоаѓањето на невреме.

Хеликоптер од типот „Белл 212“ денеска делуваше во 45 налети и исфрли 40 тони вода во гаснењето на пожарот во општина Кривогаштани. Заедно со пожарникари од ТППЕ Кривогаштани, Прилеп и Крушево,  пожарот е ставен целосно под контрола, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Би можело да ве интересира

Кривогаштанец се степал во кафеана и бил приведен од полицијата

Дедо Мраз, базар, претстава за деца – новогодишни случки и дружби во Кривогшатани

Пела Редакција

Feniks Food House, куќа за храна – спој на младост и љубов кон татковината

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе