9.9 C
Прилеп
недела, 11 мај, 2025
Пела Радио

Девојче (18 години) од Прилеп загина во тешка сообраќајна несреќа кај Долнени

На 28.08.2023 во 21.58 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, на место викано „Циглана“ во с.Долнени, прилепско, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.М.(18) од с.Пешталево, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починала сопатничката М.С.(18) од Прилеп, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобиле возачот В.М. и другата сопатничка Б.С.(18) од Прилеп, констатирани во болницата во Прилеп. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Би можело да ве интересира

Општина Прилеп бара воздушна поддршка за спасување од пожарите

Елизабета Филипоска

Новите казнени политики на ресорното министерство – причина за револт на прилепските матични лекари

Гордана Цветаноска

Крушево со нова опрема за заштита од пожари

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе