13.6 C
Прилеп
четврток, 19 септември, 2024
Пела Радио

Прилепскиот уметник Марјан Стојаноски со самостојна изложба во Тирана

Со изложбата на слики „Поглед, кон недоглед“ академскиот уметник Марјан Стојаноски од Прилеп, ќе се претстави во КИЦ на Македонија во Тирана, Албанија. Изложбата ќе биде отворена на 11 -ти септември  2023 /понеделник/ во 20.00 часот. Стојаноски изложува 16 дела – слики, за кои Викторија Димеска, историчар на уметности вели дека се создадени со виорен и енергичен јазик  и се асоцијативно-апстрактни композиции.

-Академскиот уметник Марјан Стојаноски понесува со моќна експресивност. Комбинирајќи цртачки и сликарски техники, тој создава слоевита, комплексна  и динамична содржина богата со контрастна изведба на линиите и боените површини. Слободна имагинативна изразност вирее од ракошниот семиотички јазик применет за креирање на асоцијативните апстракции. Од севкупната  хипнотизирачка комплексност на метафоричните синтагми провејува чувство на леснотија и безгрижност, вовлекувајќи го погледот во бескрајна длабочина на фантазијата – вели Викторија Димеска, историчар на уметност.

Стојаноски, минатата година  имаше  изложба во КИЦ во Софија, Бугарија, со скулптури од различен формат. Изложбата „Panta rhei“ со ротирачки скулптури, изработени во метал и елементи од дрво, предизвика голем интерес во бугарската јавност. Марјан Стојаноски завршува ФЛУ во Скопје, во класата на професорот Ибрахим Беди.Член е на ДЛУП и Друштвото на ликовни уметници на Македонија ДЛУМ. Во два наврати е претседател на ДЛУП, каде што во 2015 година како член ја добива наградата за скулптура „Јордан Грабул”. Има реализирано голем број на изложби, како самостојни, така и групни изложби.

Би можело да ве интересира

Комуналец започна со чистење со дивите депонии

Пела Редакција

Младенци-празник на младите и љубовта

Елизабета Филипоска

Страшно невреме уништи се во земјоделието во Охрид – низ видео и фотографии

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе