3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (51)

Пишува ЗОРАН МОМИРОСКИ

  • ПРИЛЕП ГРАДОТ ХЕРОЈ И ПРВОБОРЕЦ СО ИКЕБАНИ И СО ПОСЕТА НА СПОМЕНИКОТ МЕТОДИЈА АНДОНОВ ЧЕНТО ГО ОДБЕЛЕЖА 8 СЕПТЕМВРИ ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА САМОСТОЈНА И СУВЕРЕНА МАКЕДОНИЈА. НО ЗА ПРВ ПАТ ОВАА ГОДИНА БЕЗ ДА БИДАТ ИСТАКНАТИ ДРЖАВНИТЕ ЗНАМИЊА ПО УЛИЦИТЕ ОД ГРАДОВ. ЗА ЕДНИ, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ОД ПРЕЗАФАТЕНОСТ ЗАБОРАВИЛА ДА ГИ ИСТАКНЕ ЗНАМИЊАТА КАКО ШТО ДОЛИКУВА. ЗА ДРУГИ, МОЖЕБИ БОКИО КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК ,,НАРЕДИЛ“ ЗНАМИЊА ДА НЕ СЕ ИСТАКНУВААТ!? СЕ ПРЕТПОСТАВУВА ДЕКА САКАЛ ТИЕ ДА МУ СТОЈАТ ЗА НОВИ. И ТОА ЗА НЕКОЈ ДРУГ ДРЖАВЕН ПРАЗНИК ПОЗНАЧАЕН И ПОБИТЕН ОД ОВОЈ. НА КРАЈ ЗОШТО СЕ СЕГА И ЗНАМИЊА ПО УЛИЦИ? ВАЖНО ИКЕБАНИ КОЛКУ ТИ ДУША САКА. НЕ ТУКУ ТАКА НА НАШИОТ МИЛ И САКАН ГРАДОНАЧАЛНИК ПРИЛЕПЧАНИ МУ ДАДОА ПРЕКАР БОРЧЕ ,,ИКЕБАНАТА“!!! АМА ЗАТОА ВО ПРЕПОЗНАТЛИВ СТИЛ ЕДЕН ,,ПАТРИОТ“ НА ПАРКОТ НА РЕВОЛУЦИЈАТА БЕШЕ ГО РАЗВИЛ ЗНАМЕТО СО СОНЦЕТО ОД ВЕРГИНА  ЗА „ПАТРИОТИТЕ“ ПОПРЕЦИЗНО SВЕЗДАТА ОД КУТЛЕШ. ПРИТОА ТОЈ ГО ДИГНАЛ И КРСТОТ ВИСОКО ВО РАЦЕТЕ. ЦЕЛТА МУ БИЛА  ДА МУ ФРЛИ ,,АНАТЕМА“ НА СИТЕ ОНИЕ ,,ПРЕДАВНИЦИ“ КОИ ГО СМЕНИЈА ЗНАМЕТО, ИМЕТО, А СЕГА ДУРИ САКААТ ДА ЧЕПНАТ И ВО УСТАВОТ. ЕДЕН МОЈ ЕПТЕН БЛИЗОК МИ ЗАБЕЛЕЖА ЗОШТО НЕ СУМ НАПИШАЛ СЕРИОЗНА КОЛУМНА ЗА 8 СЕПТЕМВРИ. ПРИТОА МЕ СТАВИ ВО ДИЛЕМА: ДАЛИ ИМАМ ПОГРЕШЕНО ИЛИ НЕ? АМА ИСКРЕНО ПО ОВОЈ ПРАЗНИЧЕН  ЦИРКУС ДЛАБОКО СУМ УБЕДЕН ДЕКА СЕПАК СУМ БИЛ ВО ПРАВО. СЕРИОЗНИ АНАЛИЗИ СЕ ПРАВАТ ВО СЕРИОЗЕН АМБИЕНТ.

 

  • КОГА СУМ КАЈ ЛОКАЛНАТА  ВЛАСТ ПРЕДВОДЕНА ОД ,,УДАРНАТА БРИГАДА“ САШКА, ДАВОР КОЈ ЈА ВРАЌАЛ ЧЛЕНСКАТА КНИША ВО ВМРО ДПМНЕ КОГА ЗАГУБИ МАЦИО ОД МУЦЕТО, ПА НАТАЛИЈА И УШТЕ ДВА ТРОЈЦА, ИНАКУ ,,СТРАВ И  ТРЕПЕТ“ ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНАТА СОСЕМА СО СИГУРНОСТ МОЖЕ ДА СЕ КАЖЕ ДЕКА ПРИЛЕП Е ТОЛКУ МНОГУ ПОЈДЕН РИКВЕРЦ ШТО ТЕШКО МОЖЕ НЕКОЈ ДА ГО СТИГНЕ. А УШТЕ ПОМАЛКУ ДА ОДГОВОРИ НА ПОТРЕБИТЕ, ЖЕЛБИТЕ И ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ. ДОБРО УПАТЕНИ ТВРДАТ ДЕКА ТРИ МЕСЕЦИ ЛОКАЛНАТА НЕМА ИЗБРАНО ФИРМА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ. ГРАДОТ Е БЕЗМАЛКУ ВО ПОЛУМРАК. ГРАЃАНИТЕ НЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ БЕЗБЕДНИ ОСОБЕНО ВО НОЌНИТЕ ЧАСОВИ. МЕСЕЧНО НА  СМЕТКИ ЗА ПОТРОШЕНА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПОТРОШУВАЧИТЕ РЕДОВНО СИ ПЛАЌААТ ПАРИ И ТОА ПО УТВРДЕНА СТАВКА ЗА УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ. АМА ЕТЕ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ГРИЖЛИВИТЕ ОД ОПШТИНАТА УЛИЦИТЕ НИ СЕ ВО МРАК. ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ СПОМЕНУВАМ. ТИЕ ШТО ЗЕМААТ ПЛАТА И ШТО СЕ ЗАДОЛЖЕНИ НАМЕСТО ДА СОЗДАДАТ ЕЛЕМЕНТАРНИ УСЛОВИ ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ БЕЗ ОКО ДА И ТРЕПНЕ ПРСТОТ ГО ВПЕРУВА ВО ПОЛИЦИЈАТА. НЕ ДЕКА НЕ ТРЕБА ВО НОРМАЛНИ УСЛОВИ, АМА ВО ВАКВИ ФАЛИ УШТЕ ДА ПОБАРА ПОЗОРНИКАРИТЕ ДА НОСАТ ФЕНЕРИ И АРАМИИТЕ ДА ГИ БРКААТ КАКО БАБАРОГИ. ТОА НАЈБЛАГО РЕЧЕНО МУ ДОАЃА КАКО ОНАА НАРОДНАТА ,,ПОДРЖИ ГО КОПИЛЕВО ДА И ПОДВИКНАМ НА КОПИЛЕШКАНА“.

 

  • ДИРЕКТОРКАТА НА ГРАДИНКИТЕ ,,НАША ИДНИНА“ НЕ ГО ,,ТРКАЛАЛА“ МНОГУ – МНОГУ ОВОЈ НАШ ЕПТЕН МИРЕН И КРОТОК, БАРЕМ ПО ИЗРАЗОТ НА ЛИЦЕТО, ГРАДОНАЧАЛНИК БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. ТАКА БОКИО СЕ ЖАЛАЛ И МУ ОДГОВАРАЛ НА ЛУЃЕ КОИ ЌЕ ПОБАРАЛЕ ПОМОШ ОД НЕГО. ПРЕД СЕ’ ЗА ДА УРГИРА ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НА ДЕТЕ ВО НЕКОЈА ОД СЕГАШНИТЕ ГРАДИНКИ. ЗАМИСЛЕТЕ ВО 21 ВЕК ВО 2023 ГОДИНА ДА СЕ УРГИРА ЗА МЕСТО ЗА ДЕТЕ ВО ВОСПИТНА УСТАНОВА. ДА СЕ БАРА ПОМОШ ПРИЈАТЕЛСКИ ВРСКИ ЗА ТОА ШТО Е ЗАГАРАНТИРАНО ПРАВО НА СЕКОЕ ДЕТЕ И ТОА  СО МЕЃУНАРОДНАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ПРАВАТА НА ДЕЦАТА. ЈАС ВО ОВАА ЛАГА ОД БОКИ ДЕКА НЕ МОЖЕЛ ДА УРГИРА НА ДИРЕКТОРКАТА МНОГУ НЕ МУ ВЕРУВАМ. ИСТО КАКО ШТО НЕ ВЕРУВАВ ВО ЛАГАТА ОД НЕГОВАТА ПРЕДИЗБОРНА ПРОГРАМА „ОБРОК ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ ДО ЧЕТВРТО ОДДЕЛЕНИЕ“. КОГА СМЕ КАЈ „ОБРОКОТ ЗА ПРВАЧИЊАТА“ КАКО НЕ СЕ СЕТИ НЕКОЈ ВО ОПШТИНАТА ДЕКА СО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ОБРОК САМО ЗА ПРВАЧИЊАТА СЕ ПРАВИ ДИРЕКТНА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА ДЕЦАТА ОД ВТОРО, ТРЕТО, ЧЕТВРТО И.Т.Н. ДА ДИСКРИМИНИРАШ ДЕЦА ВО 21 ВЕК И  ПРИТОА ДА ПРАВИШ ПОЛИТИЧКА ПРОПАГАНДА И КАРИЕРА ОД ТОА Е ЕДНАКВО НА НЕКУЛТУРА, НЕЧОВЕЧНОСТ И НА КРАЈ ДИЛЕНТАНТИЗАМ. ПОЧЕСНО И ПОДОИНСТВЕНО Е НА ТИЕ ШТО БАРААТ ПОМОШ ДА МУ СЕ ОДГОВОРИ ДЕКА МЕСТО НЕМА. АКО НЕ ПОВЕЌЕ ДОДЕКА СЕ ЗАВРШАТ РАБОТИТЕ И ДОДЕКА НОВАТА ГРАДИНКА НЕ БИДЕ ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА. А НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКАТА ВО ТОЧИЛА ,,САМО“ ШТО НЕ ПОЧНАЛА ДА РАБОТИ!?!? НАД 300 ДЕЦА СЕУШТЕ НЕ СЕ ЗГРИЖЕНИ. А ТОА ПРИДОНЕСЕ ДА СЕ ЗГОЛЕМИ ПРИТИСОКОТ И ДА ИМА УРГЕНЦИИ ОД РОДИТЕЛИ БАБИ И ДЕДОВЦИ.

 

  • ПОЖАР ГО ЗАФАТИ КОМПЛЕКСОТ МАРКОВИ КУЛИ. ПРВАТА РЕАКЦИЈА БЕШЕ ДЕКА ПОЛИЦИЈАТА МОРА ДА ГИ ОТКРИЕ ВИНОВНИЦИТЕ. ВО НОРМАЛНА ДРЖАВА ТАКА Е РЕДОТ. НЕ ВЕЛАМ ДЕКА НЕ ТРЕБА ДА СЕ СПРОВЕДЕ СЕРИОЗНА ИСТРАГА. ОСОБЕНО ШТО СТАНУВА ЗБОР  ЗА КОМЛЕКС ОД ИСКЛУЧИТЕЛНО КУЛТУРНО – ИСТОРИСКО ЗНАЧЕЊЕ, КАНДИДАТ ЗА ЛИСТАТА НА УНЕСКО. ВО ПРЕТХОДНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИЧКИ МАНДАТ ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ-МУЦЕТО ПРАВЕШЕ НЕКАКВИ ОБИДИ СО ИНСТИТУТОТ ЗА СТАРОСЛОВЕНСКА КУЛТУРА ОД ОВОЈ КОМПЛЕКС ДА СЕ НАПРАВИ АТРАКТИВНА ТУРИСТИЧКО КУЛТУРНА ЦЕЛИНА. ДУРИ СЕ ЗАГОВАРАШЕ ДА БИДЕ ОРГАНИЗИРИНА И РАНЧЕРСКА СЛУЖБА КОЈА ЌЕ СЕ ГРИЖИ ЗА ЗАШТИТА НА КОМПЛЕКСОТ. СЕ НАПРАВИЈА И ПОСЕБНИ ОДМОРАЛИШТА ТАКА НАРЕЧЕНИ ВИДИКОВЦИ, АМА САМО ЗА НЕКОЛКУ ДЕНА. ЗА НЕКОЈ ДА НАПРАВИ ПУСТОШ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА И ЗАЛОЖБАТА. ЧЕСТО ГРАЃАНИТЕ НА ВАКВИ ПОЈАВИ РЕАГИРААТ ОПРАВДАНО СО ГОЛЕМА ДОЗА НА КРИТИКИ И БАРАЊА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОВА РЕТКО КУЛТУРНО БОГАТСТВО. ИСТИТЕ ТИЕ ИЛИ ДЕЛ ОД ТИЕ ГРАЃАНИ КОИ ,,СЛЕПО“ ИМ ВЕРУВААТ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ КОИ НА ДРВОКРАДЦИ НА ПАЛАЧИ НА ШУМИ НА СИТНИ КРИМИНАЛЦИ, ЈАС ГИ ВИКАМ АРАМИИ ИМ ВЕТУВАА И МОЖНО И НЕМОЖНО САМО ДА ДОБИЈАТ ГЛАС ПОВЕЌЕ. ЗА ПОЛИТИЧАРИ, ИСТО АПАШИ, АМА ВО КОСТУМИ КОИ СЕ ПАЗАРАТ СО НАШЕТО ШУМСКО БОГАТСТВО, ДА НЕ СПОМЕНУВАМ СО КОМПЛЕКСИ И ОБЈЕКТИ КОИ СВЕДОЧАТ ЗА НАШИОТ ПОВЕЌЕ ВЕКОВЕН КУЛТУРЕН И НАЦИОНАЛЕН ИДЕНТИТЕТ, СО НАШЕТО БОГАТСТВО. ИРОНИЈАТА ДА БИДЕ УШТЕ ПОГОЛЕМА ИСТИТЕ ТИЕ ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ И ПОЛИТИЧАРИ ПОДОЦНА, КОГА ЌЕ СЕ СЛУЧАТ ВАКВИ КАТАСТРОФИ БЕСРАМНО БАРААТ И ПИСКААТ, ПОЛИЦИЈАТА ДА ЈА ЗАВРШИ РАБОТАТА. Е ОВА Е РЕЗУЛТАТ НА ОВОЈ НАШ ПОЛИТИЧКО ПРОСТАЧКИ  ДИЛЕТАНТИЗАМ!!.

 

  • ПРЕД 33 ГОДИНИ ИМАВ РАБОТНА ЗАДАЧА ДА СЛЕДАМ ПРЕДИЗБОРНИ МИТИНЗИ НА ЕДЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РМ. ТОГАШ НАРОД СОБРАН ВО ЕДНО ГОЛЕМО СЕЛО ВО СЕГАШНА ОПШТИНА ДОЛНЕНИ. ПОЧНУВА ПРЕДИЗБОРНИОТ МИТИНГ ВО УЧИЛИШНИОТ ДВОР. КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ ОТКАКО ЈА ОБРАЗЛОЖИ СВОЈАТА ПРОГРАМА ПОБАРА МЕШТАНИТЕ БЕЗРЕЗЕРВНО ДА ГО ДАДАТ СВОЈОТ ГЛАС ЗА НЕГО. ОД НАСОБРАНИОТ НАРОД ТОА ПОПЛАДНЕ ЕДЕН ВИКНА: КАЈ НАС БЕСАТА Е БЕСА! ШТО ДОБИВАМЕ НИЕ ЗА ВОЗВРАТ? ГОВОРНИКОТ ПОГЛЕДНА НАОКОЛУ И ИМ ВЕЛИ: „ШУМИТЕ СЕ ВАШИ! ТОА Е БОГАТСТВОТО ШТО МОЖАМ ВО МОМЕНТОВ ДА ВИ ГО ВЕТАМ.“ СТОИ ДО МЕНЕ ЕДЕН ИСКУСЕН КОЛЕГА ОД СКОПЈЕ ОД МТВ И МИ ВЕЛИ: ОТИДОА ШУМИТЕ ЈАБАНА! ВО ТОЈ МОМЕНТ НЕ МОЖЕВ ДА РАЗБЕРАМ. НО ПОДОЦНА КОГА НА СЕКОИ СЛЕДНИ ИЗБОРИ ПАЗАРОТ БЕА ШУМИТЕ РАЗБРАВ ШТО ТОЈ МИ КАЖАЛ ВО ТОЈ МОМЕНТ. ПРИ ТАКВИ ПАЗАРЕЊА КОЈА Е ТАА ИНСТИТУЦИЈА ШТО ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА ЛУДИЛОТО ДРВОКРАТСТВО. ПОЖАРИ ПА ДУРИ И УНИШТУВАЊЕ НА ВАКВИ МНОГУ ЗНАЧАЈНИ КОМПЛЕКСИ КАКО ШТО СЕ МАРКОВИТЕ КУЛИ, НЕ МНОГУ ОДАМНА ДАБНИЦА, ТРЕСКАВЕЦ И МНОГУ ДРУГИ.

 

  • ВО ОВАА ПРИЛИКА ВАКА ЈАВНО ДА ГИ ПРАШАМ НАДЛЕЖНИВЕ: ДАЛИ МОЖЕ НЕКОЈ ДА МИ ОДГОВОРИ НА КОЈ ПАТ И ДО ЧИЈА ВИКЕНДИЧКА СЕ ТУРА ИЗГРЕБЕНИОТ АСФАЛТ ОД УЛИЦИТЕ ВО ПРИЛЕП? И ТОА ТОЧНО ОД ТОЈ ФАМОЗЕН И ,,МНОГУ ГОЛЕМИОТ“ ПРОЕКТ РЕКОНСТРУКЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА 60 УЛИЦИ ВО ПРИЛЕП?!? ДА СЕ ДОНИРА  ИЗГРЕБАН АСФАЛТ ДО МАНАСТИР, НАВИСТИНА  Е ПОТЕГ ЗА ПОЗДРАВУВАЊЕ И ПОДРЖУВАЊЕ. ДА СЕ ТУРА КАДЕ НЕМА ИЛИ Е ОТЕЖНАТ ПРИСТАПОТ ДО НЕКОИ ОД НАСЕЛЕНИВЕ МЕСТА, РАЗБИРАМ. АМА ДА СЕ ТУРА ИЗГРЕБАН АСФАЛТ ДО ПАТ КОЈ ВОДИ  ДО ВИКЕНДИЦА НА ЕДЕН НАШ ПОЗНАТ МЕКЊАЧ ИНАКУ ПОРАНЕШЕН ПОЛИТИЧАР, А ДО  СКОРО ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНО ЈП ОД РЕДОВИТЕ НА  СДСМ, Е ТОА НЕ МОЖАМ ДА ГО РАЗБЕРАМ. ОСВЕН АКО ЧОВЕКОТ ЕПТЕН ГИ ЗАДОЛЖИЛ ОВИЕ ОД ЛОКАЛНАВА САМОУПРАВА ИЛИ ВО ПРАШАЊЕ Е ГОЛЕМА НЕИЗМЕРНА И СИЛНА ЉУБОВ. СЕПАК, ЈАС МИСЛАМ ДЕКА Е ВО ПРАШАЊЕ ОВА ВТОРОВО. И АКО НА ЛОКАЛНО НИВО НА ВЛАСТ Е ВМРО ДПМНЕ. ТОА НЕМА НИКАКВО ЗНАЧЕЊЕ. СЕ’ Е ТОЛКУ УБАВО ИСПОВРЗАНО И ВО ФУНКЦИЈА НА ЛИЧНИТЕ ИНТЕРЕСИ ПРОСТО ЧОВЕК ДА УЖИВА ДА ГЛЕДА И ДА СЕ ПРАША: ДАЛИ ОВИЕ ПОЕДИНЦИ ЗНААТ ЗА ГРАНИЦА? ЗА ТОА ДЕКА ИМ Е ДОСТА И ДО КАДЕ Е НИВНИОТ ЕГОИСТИЧКИ БЕСРАМЕН ЛИМИТ!!! АКО НАВИСТИНА  ЗНААТ ШТО Е СТРАМ?!?

 

  • ВЕЧЕРВА ВЛАДИНИОТ КАРАВАН: ЗА ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА Е ВО ПРИЛЕП КАЈ КАМЕНАТА БИНА. ГЛАВНИВЕ ОД СКОПЈЕ РЕКЛЕ ДА НЕ СЕ СТРАМИМЕ ПРЕД ФРАНСУСКИОТ АМБАСАДОР ВО РСМ ТРИБИНАТА ДА БИДЕ ОРГАНИЗИРАНА НА ЕВРОПСКО НИВО. ТОА ПАК БИЛО ПРИЧИНА ПРИЛЕПСКИОТ ВРВ НА СДСМ НА ЧЕЛО СО ЦАКИО ДА ДОНЕСАТ ГОЛЕМА И СУДБОНОСНА ОДЛУКА И ПО ПОВЕЌЕ  МЕСЕЦИ КОНЕЧНО ДА ГИ ОТВОРАТ ПАРТИСКИТЕ ПРОСТОРИИ. НЕЗНАМ ДАЛИ НА ТИЕ ШТО БИЛЕ НА ПРВИОТ СОСТАНОК ИМ БИЛО НАРЕДЕНО ПРЕД ОД ДОМА ДА ДОНЕСАТ МЕТЛИ И КРПИ ЗА ДА ГИ ЗАЧИСТАТ ПРОСТОРИИТЕ КОЕ ОД ПРАШИНА, КОЕ ОД ПАЈАЖИНА, АМА ТАМУ ТИ БИЛЕ СИТЕ, ПА И ДИРЕКТОРИТЕ И РАКОВОДИТЕЛИТЕ НА ПОДРАЧНИТЕ ЕДИНИЦИ. НАЈГОЛЕМА МАСОВНОСТ СЕ БАРА ОД ОВИЕ КОИ ИМААТ ПО НЕКОЈА ФУНКЦИЈА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ КОИ СЕ ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ. АМА И ОД СОСЕДНИТЕ ОПШТИНИ И ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА. ДЕН ПО ПРВИОТ, НА ВТОРИОТ СОСТАНОК АКЦЕНТОТ БИЛ СТАВЕН НА ТОА КАКО ДА СЕ ДОВЛЕЧКААТ ЛУЃЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ ОД НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА. БИДЕЈЌИ ЕУ ФОНДОВИТЕ ЗА РАЗВОЈ НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И СЕЛОТО ИМААТ КЛУЧНА УЛОГА ВО ФИНАНСИРАЊЕТО НА ПРОЕКТИТЕ. ЗА ДА НЕ БИДАТ РАЗОЧАРАНИ ОД ПРИСУТНОСТ, ОВИЕ ОД СКОПЈЕ, А ДА БИДЕ ОТСТРАМЕН ЦАКИО КАКО КООРДИНАТОР НА МЕСНИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ РАБОТИТЕ ГИ ЗЕЛ ВО СВОИ РАЦЕ ПУЛЕНИКО НА ЕКИПАТА ОД ЦАКИО, ПИЛИЧЕВ. ИНАКУ ПО КАРАКТЕР И ПО ДОМАШНА ВОКАЦИЈА ЧОВЕК  СО ГОЛЕМИ ПОЛИТИЧКИ АМБИЦИИ И ЖЕЛБИ. НАДЕЖТА Е ДЕКА ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ОБВРСКИТЕ ЗА ОВАА ТРИБИНА КАТАНЦИТЕ НЕМА ДОЛГО ДА СТОЈАТ НА ВРАТИТЕ ОД ОО НА СДСМ БИДЕЈЌИ ПРЕТСТОЈАТ НОВИ ПОГОЛЕМИ ПОЛИТИЧКИ АНГАЖИРАЊА ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, А ИСТОВРЕМЕНО НЕМА НАПРАЗНО ДА ЧУКААТ НА ЗАТВОРЕНИТЕ ВРАТИ И ОБИЧНИТЕ ЧЛЕНОВИ КОИ БАРААТ И САКААТ ЗАВЕРКИ НА ПАРТИСКИТЕ КНИШКИ. А УШТЕ ПОМАЛКУ ДА ОДАТ ПО КАФИЧИТЕ И КАФЕАНИТЕ КАДЕ ШТО СЕ СОБИРААТ ЧЕЛНИЦИТЕ НА ОВАА ПАРТИЈА И ГИ РЕШАВААТ СУДБИНИТЕ НА ЛУЃЕТО.

Би можело да ве интересира

Средношколците продолжуваат со бојкот

Елизабета Филипоска

МЕПСО со предупредување: Во екот на жетвата и во сезоната за наводнување земојделците да внимаваат на далноводите

Елизабета Филипоска

Работниците од Еурокомпозит се враќаат на редовните работни обврски

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе