5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Со минирање започнаа градежните работи на автопатот Прилеп – Битола, недостигаат работници

Два дена по стартот на градежната офанзива на Коридорот 8, денеска градежни работи и на автопатската делница Прилеп – Битола на Коридорот 10-д. Во мај годинава кај индустриската зона во Прилеп беше поставена табла со податоците за изградбата на автопатската делница долга 39,3 километри, по што почнаа гео-истражувачките работи.

Рокот за изградба на автопатот на кој работи американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ е 57 месеци.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска по повод официјалниот почеток на градежните активности на делницата Прилеп – Битола како дел од Коридорот 10д, оцени дека е мал бројот на македонски граѓани кои до сега аплицирале за вработување во конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на патните коридори во земјава

„Недоволен е бројот на пријавени работници за изградба на автопатот Прилеп Битола„’Бехтел и Енка’ во моментов разгледуваат 360 апликации од македонски граѓани од сите различни профили. И тоа е малку, бидејќи во моментов на конзорциумот му се потребни 2.000 работници“, рече Ковачевски.

Тој посочи дека саемите за вработување треба да бидат поттик за сите наши со граѓани, без оглед на возраста, сите оние што се работоспособни и кои сакаат да работат на овој голем проект и во една од најреномираните светски компании „Бехтел“ и нивниот партнер „Енка“. До сега саеми за вработување се одржаа во Тетово, Гостивар и во Битола.

Би можело да ве интересира

ЈКП Водовод и канализација: Штетата на фонтаната ќе биде надоместена од сторителот

Гордана Цветаноска

Градскиот пазар во сабота затворен, а пред пазарот-ПАЗАР!

Елизабета Филипоска

Неизвесноста со тутунскиот откуп продолжува во – Собранието!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе