3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп: со ваква централна власт, Европската унија е недостижна цел!

ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп денеска одржа прес конференција по повод најавата за одржување на трибина во Прилеп „Ние сме Европа“ во организација на Секретаријатот за европски прашања и Владата. Ја пренесуваме во целост:

Денес во Прилеп доаѓа караванот „Ние сме Европа“ организиран од СДСМ и ДУИ, чии владини функционери од досега најкриминалната и најнекадарната централна власт во Македонија, по којзнае кој пат ќе ги лажат и манипулираат прилепчаи. Меѓутоа тоа повеќе не поминува! Нашите сограѓани се свесни дека оваа централна власт е способна само за масовен грабеж и брзо богатење врз грбот и маката од народот, и дека со една ваква централна власт, Европската унија е недостижна цел! На трибината покрај останатите говорници, ќе се обрателе Бојан Маричиќ и Љупчо Николовски, ликови кои имаа неколку неуспешни трансфери од една на друга позиција, притоа испорачувајќи катастрофални резултати со нивното (не)работење. Со кое лице Љупчо Николовски ќе говори во Прилеп за земјоделието? Дали пред прилепчани ќе одговори зошто од година во година се намалува количината на тутун во овој регион? Дали ќе зборува можеби за поместувањето на исплатата на субвенциите, за склучените договори со лански цени, во време кога без речиси никакви мерки од власта, тутунарите, земјоделците, се соочуваат со неконтролирана инфлација и енормно покачување на цената на сите репроматеријали? Или пак како прв човек во борба против корупцијата, ќе каже некој збор за неговата најуспешна акција за запленување на путер со поминат рок? Штета е што на еден ваков настан, не го поканиле како говорник и прилепскиот пратеник Миле Талевски, да се обрати пред прилепчани како што знаел директно од говорница жолчно да ги брани политиките на ДУИ и СДСМ, да позборува за неспособноста на власта за обезбедување на учебници за сите ученици, за неодамнешниот скандал од невидени размери поврзан со онкологија за кој е згрозена целата македонска јавност, да проговори за експресно донесените измени во Кривичниот Законик за спас на функционерите од ДУИ и СДСМ и амнестирање од сите злоупотреби направени околу тендерите и јавните набавки? Почитувани, власта предводена од СДСМ и ДУИ е се’ освен европска. Со криминал и неработење, со задоволување на тесно партиски интреси, не се влегува во ЕУ! Ваква неспособност, вакво безредие и хаос во сите области, било да е образование, здравство, не е запаметено од осамостојувањето на Македонија. Токму затоа час поскоро се потребни избори! Избори кои со сигурност ќе донесат промена на централната власт, промена со која оваа влада ќе замине во историјата, и сите оние кои се огрешиле пред законот ќе треба да се соочат со лицето на правдата, рече Стефани Стојаноска од ОК на ВМРО ДПМНЕ Прилеп.

Би можело да ве интересира

Ин мемориам: Почина проф. Тале Герамитчиоски

Елизабета Филипоска

Исчезнато е возрасно лице – семејството бара помош

Пела Редакција

Заев: Во следниот мандат обезбедуваме уште повеќе пари кај граѓаните за уште подобар економски стандард

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе