3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилеп подготвен за одбележување на националниот празник 11ти Октомври

Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври , кога започнува борбата за ослободување  на македонскиот народ од фашизмот, која започнала со нападот на Участакот во Прилеп, пред 82 години, 1941 година, е празник кој Прилеп го одбележува со разни свечаноста и му дава посебен пиетет.

Утре, во 11,оо часот ученици од основните училишта на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ преку изработена кореографија ќе го формираат македонското знаме. Преземено од видео

Во СОУ Ристе Ристески –  Ричко ќе биде откриен  мурал насловен „Слобода во нашите срца„ Попладнетео ДЛУ – Прилеп, во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе ја одржи традиционалната годишна изложба, a ќе се одржи изложба и поезија посеветен на 11-ти Октомбри во градската библиотека Борка Талески .

Централното чествување е на бината на плоштадот „Александрија„ од 18,оо часот.Таму  ќе настапуваат: КУД „Пере Тошев„ –Прилеп „, ќе има пригодни рецитали на ученици по повод празникот,  музички-сценски настап на повеќе локални етно групи и обрајќање на градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.

Во 20.оо часот е  традицоналнио огномет и импровизираниот напад на Участакот.

На денот на големиот празник – 11 ти октомври, среда , во претпладневните часови, делегации ќе положат цвеќе пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу, а ќе биде посетена Алејата на народните херои на Могилата на непобедените каде ќе биде положено цвеќе пред споменикот  на прилепските народни херои. На Могилата на непобедените, според агендата за чествување на празникот  ќе се обрати:  градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски. Воедно, на одвој ден ќе се одржи и традиционлната крводарителска акција во просториите на Црвениот крст ,а е најавено и автомобилското шоу, во организација на Тимот на Tuning CAR SHOW Prilep, на булеварот „Гоце Делчев“.

Инаку, деновиве прилепските музеји се отворени за посета, така што можат да дојдат гости и посетители од цела Македонија, за да се запознаат со макдонската историјата и борбата на македонскиот народ за време на вооруженото востание за слобода .

 

Би можело да ве интересира

Проблемот на Прилеп е во лошата бизнис клима и нискиот животен стандард, сметаат граѓаните

Уапсени четворица прилепчани

Гордана Цветаноска

Изборите да се спојат – порача Мицкоски од Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе