10.1 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

Гори мешана шума кај с.Небрегово

Во Општина Долнени, кај с.Небрегово,  гори мешана шума.  Регионалниот ЦУК – Битола, информира дека од 12:41 часот, вчера, со 11 пожарникари и 2 ПП возила од Територјалната противпожарна единица ТППЕ-  Прилеп, интервенираат за гаснење на запалената шума во атар на с.Небрегово, над манастирот.

Притоа бил загрозен и Манастирот „Свети Јован Крстител“ и бил голем ангажманот на пожарникарите за негова заштита од огнот.

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека вчера имало вкупно 34 пожари во земјава, според добиените информации во Секторот за операции и координација во ЦУК добиени од институциите во Системот за управување со кризи (СУК).  Активни пожари се уште два – во општините Македонски Брод и Долнени.

Во Прилеп изгаснат се два пожари на отворени,  пожарот на отворено кај месноста викана „Над Бараки Варош“ каде горела сува трева, а во Општина Долнени, кај с.Дебреште и кај с.Сенокос  исто така горела сува трева

Би можело да ве интересира

Опозициската ВМРО – ДПМНЕ, вечерва протестираше во Прилеп

Гордана Цветаноска

Општина Прилеп доби Локален Младински Совет

Пела Редакција

Општина Крушево го објави тендерот за изградба на спомен обележјето на Тоше

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе