9.2 C
Прилеп
петок, 28 март, 2025
Пела Радио

Прилеп во чест на Денот на руралната жена

По повод Денот на руралната жена 15 ти октомври, денеска во срцето на Прилеп на платото околу Градскиот саат, ЛАГ АГРО ЛИДЕР со WWW.домашно.мк со поддршка на општина Прилеп реализираше саем на домашни производи. Се претставија СОУ „Орде Чопела“ Прилеп, како и над 30 семејни примарни производители и  преработувачи се претставија со своите креации на традиционални креации на храна: зимници, мед, чаеви, сирење, глинени производи, еколошки козметички производи … со еден збор се’ по што македонските семејства со генерации се препознатливи на Балканот и во Европа. Тоа беше можност да се вкусат, да се пробаат, да се купат,  за да не се изгуби континуитетот на домашното произведено ајварче, мармеладче, медче, сок, сиренце од прилепско, крушевско, кавадаречко, да се проба костен од Поречието, Џомлезе од ресенско, се набави грижливо изработената тава од глина од Вранешница кичевско….ракиче од беровско….

Настан за паметење со културно забавна програма на која се претставија КУД Мирче Ацев од Прилеп, а за најмладите организаторите обезбедија детско катче со едукативни содржи за значењето на еколошката храна кое го пренесе неговото величество кловнот.

Прилеп со поддршка на локалната самоуправа и граѓаните во најдобро светло се погрижи оваа манифестација да биде поддржана за во иднина почесто да се одржува.

Би можело да ве интересира

,,Сиот отпад има свое место’’ девиза на ЈКП Комуналец Прилеп

Се олабавуваат антиковид мерките?!

Гордана Цветаноска

Промовирана книгата „Светиклиментовото кандило гордо светеше во рацете на г. г. Ангелариј“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе