11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Дисеминација на Еразмус+ проект ChemDM – Chemical Dancing Models (Хемиски танцувачки модели)

Четири средни училишта заедно со СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ Прилеп вклучени преку ERASMUS + програмата за дигитално трансформирање на образовните методи и содржини  преку креирање и имплементација на нова наставна програма во наставниот процес со која се развиваат дигитални вештини и компетенции на наставниот кадар и на учениците деновиве одржаа завршна конференција. Настанот всушност бепе дисеминација на проектот ChemDM – Chemical Dancing Models (Хемиски танцувачки модели) во рамките на ERASMUS + програмата, финансиски поддржан од Европската Унија и менаџиран од Националната агенција за европски образовни програми со мобилност од 01-11-2021 до 01-11-2023 год. во рок од 24 месеци.

Дисеминацијата беше организирана и спроведена од професорите вклучени во проектниот тим, Ружа Ангелеска – професор по хемија, Христина Манческа – професор по хемија, Кети Ефремоска Наумоска –професор по англиски јазик, воедно и локален координатор на проектот, со поддршка на директоката на СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, Весна Михаиловска. Целта е програмата и прирачникот да најдат свое место во подобрување на методите за совладување на содржините по хемија, биохемија и други природни науки во овој виртуелен свет, а воедно ќе го поттикнат БРО, МОН и сите засегнати структури за понатамошно усовршување на програмите и нивна имплементација за почеток како факултативен предмет.

На настанот присуствуваа гости, директори и наставници од сите локални основнни и средни училишта од Прилеп, како професори по хемија и биологија од ОСМУ„Д-р.Јован Калаузи“ од Битола и СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ од Кавадарци, претставници од подрачно одделение на Бирото за развој на образованието и претставници од локалната самоуправа.  Присутните добија примерок од настваната програма со прирачник во печатена форма и УСБ-стик во електронска форма.

Истовремено настанот беше следен виртуелно преку програмата „Zoom“ од страна на гости од ПМФ-институт за хемија Скопје и професори по хемија од други градови кои не беа во можност физички да присуствуваат.

На дисеминацијата присутните беа запознати со основните информации за проектот, за партнер училиштата од земјите учеснички и мотивот, идејата, целите како и чекорите на имплементација за овој проект.

 

Би можело да ве интересира

Од јуни, нова цена за ТВ услугата на „Кабелнет“-Прилеп

Елизабета Филипоска

Најавен протест пред Општината и патна блокада на надвозникот Прилеп – Витолиште

Роденден кој долго ќе се памети–100 години Прилепска Пиварница!!!

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе