Периодот на матури и полуматури е моментот кога прилeпските стилисти имаат полни раце работа. Матурантите сакаат да изгледаат трендовски, а полуматурантите веќе ја бираат својата фризура за престојните полуматурски забави.
Прилепското Студио, EMA Place, ни излезе во пресрет да откриеме што е модерно, трендовски и стилски кога е во прашање изборот на матурска илиполуматурска фризура? Како денес сакаат да изгледаат матурантите? Има ли разлика од пред неколку години?
ШТО Е МОДЕРНА ФРИЗУРА ДЕНЕС?!
„Тренд е бојадисувањето, односно нијансирањето на косите со јаки бои, тегет (темно сина), зелена, бордо, лилава, праска.. Тоа се бои кои се дел од комбинаториките на модерната фризура денес. Техниките на фарбање(бојадисување) на косите бајалаж,( нијансирање) омбре, сомбре се само дел од барањата на матурантите кои се разбира, сакаат да изгледаат посебно за матурската вечер“ – посочуваат Дарко Костадиноски и Емилија Ема Костадиноска, од Студио EMA Place – Прилеп.
ТАЛАСЕСТИ КОСИ
„Витканите коси се на мода. Сега и кратката коса, иако е асиметрично стрижена, (што повеќе жени тоа денс го прават) , оној, подолгиот дел од косата треба да биде навиткан, ситно или покрупно, во зависност од обликот на лицето. Витканите коси, таласесто пред се, е трндовски денес“ – велат од фризерското Студио EMA Place
МОЖЕ ЛИ „ПУНЏА“?!
„За оние кои имат долги коси и сакаат да им биде собрана, а не пуштена, важи правилото „фризурата да биде лежерна„, не строго замазнета, или строго собрана коса. Потребно е да има испуштени прамени, кои би биле виткани таласесто и благо,и би паѓале над очите или странично, но и позади. Строго затегнатите фризури за оние кои имаат долги коси, се минато.“- посочува Ема од Студиото EMA Place
ПРИРОДНИ И “СВОИ“!
„Во последно време девојките сакаат да бидат “свои“. Сакаат да бидат поприродно, дискретно шминкани, но тоа се однесува и на фризурата. И, таа треба да биде природна, а не строго затегната. Да биде фарбана, во нијанси, но што е можно поприродно, без некои строги црти од еденот до другиот обоен слој.Нијанисрањето треба да биде нежно и дискренто“.
„Не е во мода оној стил, кога на денот на матурирањето, треба да се изгледа повозрасно, со фризура и шминка, како што тоа беше пред 4 или 5 години. Денеска е стилски да се биде „свој“, да се покажат годините кои ги носиш, оние убави 17/18 години, никако постаро, па затоа е хит лежерна фризура која одговара на возраста на матурантите и полуматурантите. Никако поинаку!“ – велат двајцата стилисти од Студио EMA Place, Ема и Дарко.
УШТЕ ЛИ СЕ ВО МОДА „ПЛАВУШИТЕ?!„
„Се чини дека тие секогаш се во мода. Би рекле „Да“ девојките сакаат да имаа посветли бои на косата или да бидат „плавуши“ и токму оваа техника „ бајалаж “ го нуди тоа и како фризерска техника многу долго се задржа како моден тренд. Еве, веќе неколку години наназад се применува во нашиот фризерски салон ,EMA Place. И, она што е убаво зошто и да не се задржи, па наша препорака, до матурантите е фризурата да биде што поприродна, според изгледот на матурантката, светла боја, но и фризурата да одговара на тоалетата која се носи при оваа посебна пригода, кога младите луѓе ја прославуваат,всушност, својата зрелост“- истакунува Емилија , Ема од EMA Place Студио
ПРИЛЕПЧАНИ ВНИМАВААТ НА СВОЈОТ ИЗГЛЕД
„Драго ми е што денес младите знаат што сакаат! Доаѓаат во нашиот салон со фотографија која ја симнале од нашата facebook страна или од страната на radiopela.mk, каде дел од нашите прилепски стилисти,меѓу кои и ние. објавуваме секоја недела што сме сработиле. Како стилисти и како EMA Place Студио, ние не заостануваме со ниту една техника на стрижење, фарбање (обојување) или изготвување на фризура. Денес, мора да се посетуваат семинари, да се следи модниот тренд и тоа го правиме, во интерес на нашите комитенти. Посетуваме семинари за фризура,следиме што работат другите. Денеска, за среќа, преку интернетот овозможено е човек да се надоградува, да учи,да се едуцира и да го развива својот занает. Затоа одговорно тврдам дека воопшто не заостануваме со модните фризерски трендови и техники кој се користат во Скопје, или пак во другите европски метрополи. Прилеп има квалитетни мајстори, а Прилепчани денес, сакаат да изгледаат средено,уредно. Буквално се едуцирани за изгледот и си посветуваат многу внимание, што ми е посебно драго„ “ – вели Емилија Костадиноска од EMA Place Студио-Прилеп