21.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Прилепскиот театар со „Глембаеви“ гостуваше во Загреб

Народниот театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп со претставата „Глембаеви“ во режија на Бранко Брезовец, синоќа гостуваше во Загреб на фестивалот посветен на Мирослав Крлежа. Загребската публика имаше можност во сатиричниот театар Керемпух, да ужива во изведбата на „Глембаеви“ која е критика на нововековната тајкунска чудовишност. Композитор е Никола Мицевски, сценографијата е на Ивана Кнез, а сценографијата на Сузана Брезовец.

Со фестивалот „Мирослав Крлежа“ кој трае до 7 јули, годинава се одбележуваат 130 години од неговото раѓање. Фестивалот нуди богата и разновидна програма и е културен настан на загребачкото културно лето и место за средба на Крлежа со уметниците и публиката.Токму затоа и учеството на нашиот театар на овој фестивал е од големо значење.
Во претставата играат Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Димитар Црцороски, Исидор Јованоски, Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трпчески, Ана Митоска – Стојаноска и Сузана Брезовец.

Би можело да ве интересира

Џез звуците на првата фестивалска вечер на Prilep Jazz Weekend освежување на културното прилепско мени

Младите од руралните средини да се вклучат поактивно во донесување одлуки

Посета на родната куќа на Блаже Конески по повод 100 годишнината од неговиот роденден

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе