Пишува Зоран Момироски
- МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ СЕ КРЕНА НА НОЗЕ ОТКАКО РОДИЛКА ОД ПРИЛЕП ПРЕКУ ФБ СТАТУС ОБЕЛОДЕНИ ДЕКА БЕБЕТО РОДЕНО ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА ПОЧИНАЛО ВО СКОПЈЕ НА КОЛИНИКАТА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ ВО СКОПЈЕ. ОФОРМЕН Е И ПРЕДМЕТ ВО ОБВИНИТЕЛСТВО. МЕЃУВРЕМЕ ИНСПЕКТОРИ ОД ДРЖАВНИОТ ЗДРАВСТВЕН ИНСПЕКТОРТ ИСТРАЖУВААТ СО ЦЕЛ ДА УТВРДАТ ТОЧНО ОД ШТО ПОЧИНАЛО БЕБЕТО. РОДИЛКАТА Е ПОРОДЕНА ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА. ТРИ ДЕНА ПОТОА, ПОД СОМНЕВАЊЕ НА НЕОНАТАЛОШКА ЖОЛТИЦА, ИСПРАТЕНО Е ИТНО ВО СКОПЈЕ. А, ТАМУ ПО СЕДУМ ДНЕВЕН ТРЕТМАН ОД РАНА СЕПСА, НОВОРОДЕНЧЕТО ПОЧИНАЛО. И, АКО ВО МЕДИЦИНАТА РЕТКО ДВА И ДВА СЕ ЧЕТИРИ, ОСВЕН КОГА СЕ ДАВА ПОТКУП, ОВА УШТЕ ЕДНАШ ГИ ПОТВРУДУВА ПРОПУСТИТЕ ВО НАШИОТ,,ТРУЛ“ ЗДРАВСТВЕН СИСТЕМ. ШТО И ДА ПОКАЖАТ КРАЈНИТЕ РЕЗУЛТАТИ ОД НАДЛЕЖНИОТ ИНСПЕКТОРАТ, ФАКТ Е ДЕКА СЕ ПОТРЕБНИ ДРУГИ КАДРОВСКИ И ОРГАНИЗАЦИОНИ НОРМИ. ТОКМУ ЗАТОА ИМА ФАКУЛТЕТИ ЗА МЕДИЦИНА, ЗА ПОЛИТИКА, ЗА ПРАВО, ЗА ЕКОНОМИЈА. ИЗМЕШАНИТЕ ,,ЛОНЧИЊА“ ТРЕБА ДА СИ СЕ ВРАТАТ НА СВОИТЕ МЕСТА – ОТИ НАРОДОТ СТРАДА!!! КАКО ТРГНАЛА РАБОТАВА МОЖЕ ЗА ДИРЕКТОР НА БОЛНИЦА И КЛИНИКА ДА БИДЕ ПОСТАВЕН ПАРТИСКИ ВОЈНИК СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ФАКУЛТЕТ ИЛИ СО МУЗИЧКА АКАДЕМИЈА.
- ВО НАЈСЕНЗИТИВНИОТ МОМЕНТ И СОСЕМА ОПРАВДАНИ ФБ ЕМОТИВНИ РЕАКЦИИ НА ПРИЛЕПСКАТА И МАКЕДОНСКАТА ЈАВНОСТ ЗА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ, НЕКОЈ ,,МАЛОУМНИК“ ВО ОО НА СДСМ ДОЗВОЛИЛ СО ИЗЈАВА И РЕАКЦИЈА ЗА РЕБАЛАНС НА ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ ДА СЕ ЈАВИ СОВЕТНИКОТ Д-Р. МОНИКА ГРАШЕСКА –ГИНЕКОЛОГ. СОСЕМА Е ЈАСНО ДЕКА ТАА ИМА ЛЕГИТИМНО ПРАВО, ОД ИМЕТО НА СОВЕТНИЧКАТА ГРУПА НА СДСМ, ДА РЕАГИРА И НЕЈЗИНИТЕ РЕАКЦИИ СЕ СОСЕМА НА МЕСТО. И, ТОА НЕ Е СПОРНО. ЗА МЕНЕ Е СПОРНО, КАКО МОЖЕ ВО ПЕРИОД НА СИЛЕН БРАН НА ЕМОТИВНИ РЕАКЦИИ ЗА ПОЧИНАТО НОВОРОДЕНЧЕ, ДОКТОР ГИНЕКОЛОГ ДА РЕАГИРА ЗА РЕБАЛАНС НА ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ? НАРЕДЕНИ КАКО ,,АПТЕКАРСКИ ШИШИЊА“ МЕЃУ ДРУГИТЕ ДО НЕА СТОИ, ВО ЗНАК НА ПОДДРШКА, СОВЕТНИКОТ ОД СДСМ, ЕКОНОМИСТОТ, АЛЕКСАНДАР КИТАНОСКИ. СЕГА УШТЕ ФАЛИ ОВОЈ КИТАНОСКИ ДА ИЗЛЕЗЕ СО СТАВ ЗА МОЖНИТЕ ПРИЧИНИ ОД ШТО ПОЧИНА НОВОРОДЕНЧЕТО.
- НА БАРАЊЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ И ОРТОПЕДОТ ГРАДОНАЧАЛНИК ДОКТОР БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ПРЕД ДВА ДЕНА СОВЕТОТ НАМЕСТО ЗА БУЏЕТ ЗА 2024 ГОДИНА РАСПРАВА ЗА РЕБАЛАНС НА БУЏЕТОТ ЗА ТЕКОВНАВА ГОДИНА, 500.000 ЕВРА ДОПОЛНИТЕЛНИ БЛОК ДОТАЦИИ ШТО ГИ ДОБИВА ОПШТИНАТА ОД ВЛАДАТА, АМА И ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ОПШТИНСКИТЕ БУЏЕТСКИ ПАРИ ЗА ПРИВРЕМЕНО ВРАБОТЕНИ ПРЕКУ АГЕНЦИЈА ВО ОПШТИНАТА. ПА НАМЕСТО 350.000 ЕВРА, СЕГА ЗА ОВАА НАМЕНА ЌЕ СЕ ПОТРОШАТ 450.000 ЕВРА. ДАЛИ ПРИЛЕПСКАТА ОПШТИНА , ПО ОВОЈ ОСНОВ СТАНА ВОДЕЧКА ВО ДРЖАВАВА?!?
- СО ЗАДОЦНУВАЊЕ ОД МЕСЕЦ, СОВЕТОТ ЈА УСВОИ И РАЗВОЈНАТА ПРОГРАМА ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА. ОТКАКО БОКИО ГО ,,НАПРАВИ“ КРУЖНИО КАЈ ДЕВЕТТО КАТНИЦАТА ??? ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА ПЛАНИРА ДА ИЗГРАДИ УШТЕ ДВА. НА РАСКРСНИЦАТА КАЈ СТАРА ГРАДСКА КАФАНА И НА РАСКРСНИЦАТА ДИМО НАРЕДНИКОТ. СЕГА ЕПТЕН СТАНА ЈАСНО ДЕКА ИМА ДА СЕ ВРТИМЕ ВО КРУГ КОЛКУ ДУША НИ САКА. БИДЕЈЌИ, ХАРТИЈАТА ТРПИ, ПО КОЈЗНАЕ КОЈ ПАТ ПАК Е ЗАПИШАНА, НАПИШАНА И ПРЕПИШАНА МОНТАЖНАТА КАТНА ГАРАЖА ЗАД УЈП. АМА ОВОЈ ПАТ ВЕТУВАЊЕТО Е ДО 2025, А НА БАРАЊЕ НА СТОПАНСКИТЕ СУБЈЕКТИ КОИ ГРАВИТИРААТ КОН СТАРИОТ ИЗЛЕЗ НА ПРИЛЕП ЗА БИТОЛА СО ОПШТИНСКИ ПАРИ ЌЕ СЕ РЕНОВИРАЛ И ОВОЈ ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ“. РЕШЕНО И ЗАВРШЕНО Е СО НАЈГОЛЕМИОТ ПРОЕКТ ОД ПОСТОЕЊЕТО НА ПРИЛЕП. ЌЕ ПРОДОЛЖЕЛА ЗАПОЧНАТАТА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА 60 УЛИЦИ. И, АЈДЕ СЕГА НЕКОЈ НЕКА РЕЧЕ ДЕКА БОКИО НИШТО НЕ РАБОТЕЛ И НЕ НАПРАВИЛ ЗА ГРАДОТ, ПА УШТЕ БЕЗСРАМНО ДА ТВРДИ ДЕКА САМО ИКЕБАНИ ПОСТАВУВА НА СПОМЕНИЦИТЕ?!?!
- ОТКАКО УСПЕШНО И МАСОВНО БЕШЕ ОРГАНИЗИРАНА ТРИБИНАТА НА ОО НА СДСМ НА ТЕМА: „НЕ ЧЕКАЈ ПРЕВЕНИРАЈ –ЗАЕДНИЧКА БОРБА ЗА ЖЕНСКО И МАШКО ЗДРАВЈЕ„ НА КОЈА ЕКС МИНИСТЕРОТ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ БЕШЕ ГЛАВНА СТРУЧНО ЕКСПЕРТСКА ФАЦА НА ВЕЧЕРТА, НА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ МУ ТЕКНА ДА СЕ ЈАВИ СО РЕАКЦИЈА ЗА СКАНДАЛИТЕ ВО ОНКОЛОГИЈА, ЗА СОСТОЈБИТЕ ВО ЗДРАВСТВОТО И ВО ПРИЛЕПСКАТА ОПШТА БОЛНИЦА, ПА ,,УДРИЈА“ ПО ДИРЕКТОРКАТА КЕТИ СМИЛЕСКА КОЈА ДЕМЕК ОРГАНИЗИРА УСПЕШНО ПАРТИСКИ ТРИБИНИ, АМА КУТРА КЕТИ НЕ ЗНАЕ И НЕ МОЖЕ ДА ЈА ОРГАНИЗИРА РАБОТАТА ВО БОЛНИЦАТА. ПА, МЕЃУ ДРУГОТО ВО ИЗЈАВАТА ОД ВМРО-ДПМНЕ ВЕЛИ: ПО НЕМИЛИОТ НАСТАН ОД ПРЕД НЕКОЈ ДЕН, ОСТАВКАТА НА СМИЛЕСКА Е НАЈМАЛАТА РАБОТА. ЈАС СЕ ПРАШУВАМ КОЈ Е ТОЈ НЕМИЛ НАСТАН!? ПОЧИНАТО НОВОРОДЕНЧЕ ТИ БИЛ НЕМИЛ НАСТАН – НЕ БАРЕМ НЕКОЈ СКРШИЛ РАКА. СЕ СИ ВЕЛАМ ДА НЕ ИМА НЕШТО И ,,ВАШЕ“ И ,,НАШЕ“ ПА МОРА СЕГА ЗАСЕГА ВО СИЛНОТО СООПШТЕНИЕ ДА СТОИ: НЕМИЛ НАСТАН?!? ПРИТОА, САКАМ ДА ПРАШАМ: СМИЛЕСКА КАДЕ ДА СИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ?! ПРЕД ПАРТИЈАТА? ПРЕД ПОЕДИНЦИТЕ ВО ПАРТИЈАТА ШТО ЈА ПОСТАВИJA? ИЛИ ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО?! ЧАРШИЈАТА ВЕЛИ ДЕКА ТАА, СЕГА МОЛЕЛА И ,,КОЛЕЛЕЛА“ ДА СИ ЗАМИНЕ ОД ДИРЕКТОР БОЛНИЦАТА, АМА…..!!!
- ПЕНЗИОНЕРИТЕ ГИ ПРОДОЛЖУВААТ ПРОТЕСТИТЕ. БАРААТ ПОГОЛЕМА МАСОВНОСТ. ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 5000 ДЕНАРИ И ОТЧЕТ КАДЕ СЕ ТРОШАТ И ЗА ШТО СЕ ТРОШАТ 30 ДЕНАРИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО СОЈУЗОТ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ, ЗА КАКО ШТО ВЕЛАТ СОЈУЗ КОИ НЕ ГИ ПОДРЖУВА ВО НИВНИТЕ БАРАЊА И НЕ ИМ ДАВАЛО ПАРИ ЗА АВТОБУСИ ЗА ДА ОДАТ НА ПРОТЕСТИ ВО СКОПЈЕ. Е, СЕТО ОВА Е ДОБРО, АРНО АМА МАСОВНОСТ НЕМА. МОЖЕБИ ИМА УШТЕ ПОНЕЗАДОВОЛНИ И ОД ОВИЕ КОИ ПРОТЕСТИРААТ. АМА НАЈВЕРОЈАТНО ТИЕ НАЈГОЛЕМИТО ДЕЛ ОД НИВ СВОЕТО ЗАДОВОЛСТВО ИЛИ НЕЗАДОВОЛСТВО ЌЕ СИ ГО ПОКАЖАТ НА ПРЕТСТОЈНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ. И НЕ САКААТ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ОВАА ,,ИГРАНКА“ ОД ГРУПАВА ШТО БАРА ОД АКТУЕЛНАТА ВЛАДА. ПА, ТАКА ОСТАНУВА ТИЕ ДА СИ ПРОТЕСТИРААТ И НАМЕСТО МАСОВНОСТ И ПОДДРШКА ДА ДОБИВААТ ПОГОЛЕМА МАСОВНОСТ И ПОДДРШКА ОД ПОЛИЦИЈАТА ЗА ДА ГИ ОБЕЗБЕДУВА ЗА ОВИЕ ПРОТЕСТИ ДА МИНАТ БЕЗ СООБРАЌАЈНИ ИНЦИДЕНТИ.
- МАКЕДОНИЈА ПАТ – ПРИЛЕП ПРИЈАВИЛЕ ДЕКА ЗА ПЕТ МЕСЕЦИ ВО ОКОЛИНАТА НА ПРИЛЕП ОД РЕГИОНАЛНИТЕ ПАТНИ ПРАВЦИ БИЛЕ УКРАДЕНИ 76 СООБРАЌАЈНИ ЗНАЦИ ОД НЕПОЗНАТИ СТОРИТЕЛИ. А КОЛКУ ЗНАЦИ СЕ ИСЧКРТАНИ СО СПРЕОВИ, ИЗВИТКАНИ ИЛИ СО КУРШУМИ – КАКО ЦЕЛ ЗА ВЕЖБАЊЕ ИСПУКАНИ ОД ПИШТОЛ, НИКОЈ НЕ КАЖУВА. ПРИТОА, КОЛКУ ЗНАЦИ ОД ГРАДОТ СЕ УКРАДЕНИ И УНИШТЕНИ ЗАСЕГА НИКОЈ ДО СЕГА НЕМА КАЖАНО. ПО СЕ’ ИЗГЛЕДА ОВА СО ЗНАЦИВЕ ДА НЕ СТАНЕ ЕДЕН ОД КЛУЧНИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ. ЗАТОА ПРЕДЛАГАМ ШТО ПОВЕЌЕ ЗНАЦИ ДА КРАДАТ, 76 СЕ МНОГУ МАЛКУ. СЕГА ПОКРАЈ ЗНАЦИ ДОБРО ЌЕ БИДЕ ДА ПОЧНАТ ДА СЕ КРАДАТ И ГОЛЕМИ ТАБЛИ СО ПАТОКАЗИ. ТОА ЌЕ ГО ЗАБРЗА НАШИОТ ПАТ КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА, НЕМА ЗНАЦИ, НЕМА ОГРАНИЧУВАЊА, НЕМА ПАТОКАЗИ, НЕМА СВРТУВАЊЕ ЛЕВО ДЕСНО – ТУКУ ЕКСПРЕСНО И ДИРЕКНО ВО ЕУ!!!