3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Пратеникот Талевски за градинката, за спортските сали и за новиот театар во Прилеп

На новинарско прашање за решавање на 3 прашања од голема важност за прилепчани: ставање во функција на детската градинка во населбата Точила; кога ќе можат да ги користат прилепчани двете спортски сали Македонија и Универзалната сала, како и за ветувањето за изградба на нов театар во Прилеп дадено од претходниот градоначалник, премиерот Ковачевски наместо за Прилеп, говореше за состојбите во Скопје. На прес конференцијата во кругот на ИКТ Центарот за чување и заштита на податоци и опоравување од катастрофи, свое дообјаснување даде пратеникот Миле Талевски. Во врска со новата градинка во населбата Точила тој рече дека се’ зависи од актуелниот градоначалник  :

„Она што е факт за подрачјето на Прилеп, а тоа дека веќе 2 години, комплетно е изградена од страна на претходната локална самоуправа градинка во Прилеп и веќе чекаме 2 години актуелниот градоначалник од ВМРО ДПМНЕ да направи технички прием на градинката и да ја стави во употреба. Така што прашањата треба да се постават до актуелниот градоначалник – зошто на повеќе од 250 деца им ја скратува можноста на таа градинка веќе 2 години. Бидејќи на подрачјето на тој дел од Прилеп екстремно им е потребна таа градинка на граѓаните и час поскоро треба да биде ставена во функција. Ќе повторам уште еднаш градинката е комплетно изградена и се чека од страна на локалната самоуправа да направи технички прием на градинката, затоа што тука ќе бидат опслужени повеќе од 252 дечиња. Ние и Владата, министерството за труд и социјална политика се комплетно подготвени да ја стават во функција но се чека на локалната самоуправа да направи прием на самата градинка.

Во однос на изградбата на нов театар ветување дадено од страна на претходната локална власт, Талевски рече:

„Што се однесува до театарот  има подготвено физибилити студија од страна на локалната самоуправа, има подготвено проект кој што е доставен до актуелниот градоначалник да го реализира. Тука треба иницијатива од сите засегнати страни за она кое е што од потреба на граѓаните тоа да се реализира час поскоро театар. Знаете дека тоа е сериозен проект и местото каде што е предвидено да се изгради театарот треба да биде соодветна нова проекција.“

И за спортските сали Македонија и Универзална состојбата е статус кво:

„Владата на СДСМ изгради најмногу сали во историјата како политичка партија, при што се изгради една сала и во ООУ Кире Гаврилоски во Прилеп со вредност од повеќе од 300 илјади евра. За двете сали таму има сериозен проблем во делот на имотната состојба и како се тие внесени во Катастарот двете сали. За салата Универзална во Тутунски Комбинат таа е во сопственост на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Таа сала не е ставена во функција затоа што има соодветни технички проблеми таму и за да се заштитат граѓаните од некакви несакани ситуации затоа и Владата има дадено препорака до Акционерското друштво да ги остранат тие пропусти и технички проблеми за да може да се стави во функција, затоа што им е од исклучителна потреба на граѓаните,“ рече пратеникот Талевски.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (52)

Пела Редакција

Есенски панаѓур во ООУ „Кире Гаврилоски Јане“ Прилеп

Пела Редакција

Kога ќе биде ставена во функција новата градинка во населбата Точилa?

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе