11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (61)

Пишува Зоран Момироски

  • ПРЕДИЗБОРНАТА ИГРАНКА ЗАПОЧНА. КОЕ ОРО ЌЕ ГО ГЛЕДАМЕ ЗАВИСИ ОД ИЗВЕДУВАЧИТЕ И ОД ФОЛКЛОРОТ. ЗА МНОГУМИНА ВО СДСМ И ДЕН ДЕНЕСКА ДО КРАЈ НЕ ИМ Е ЈАСНО ЗОШТО БЕЗ НЕКОЈ ПОСЕБЕН  ПОВОД  ПРЕМИЕРОТ  ДИМИТАР КОВАЧЕВСКИ,  МИНИСТЕРОТ ЗА ВНАТРЕШНИ СПАСОВСКИ И МИНИСТЕРОТ ЗА ТРАНСПОРТ БОЧВАРСКИ БЕА ВО ПОСЕТА НА ПРИЛЕП, ОСВЕН ДА ГО ПОСЕТАТ ИКТ ЦЕНТАРОТ НА МВР И ДА ИЗВРШАТ  УВИД  НА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ  НА УЛИЦАТА ЛЕЦЕ КОТЕСКИ. ОД НАЈСОФИСТИЦИРАНИОТ ОБЈЕКТ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН КОВАЧЕВСКИ ОТКРИ ДЕКА ТУКА СЕ ЧУВААТ БАЗА НА ПОДАТОЦИ ОД МВР, ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ, ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА И ЦАРИНСКАТА УПРАВА. ДРУГИТЕ ИНСТИТУЦИИ НЕ ГИ КОРИСТАТ УСЛУГИТЕ ОТИ НЕМАЛО ЗАКОН. ЧОВЕКОТ САКА ДА КАЖЕ ДЕКА ОВА ТИ БИЛ ЦЕНТАР ПО ЖЕЛБИ И ИНДИВИДУАЛНИ ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ПОТРЕБИ. ЗЕМЈА ЧЛЕНКА НА НАТО. ЗЕМЈА ИЗЛОЖЕНА НА РАЗНИ САЈБЕР НАПАДИ И УПАДИ ВО СИСТЕМОТ, КАКО ОНОЈ НА ФЗО КОГА СКОРО 10 ДЕНА НЕ СЕ ЗНАЕШЕ КОЈ ,,ЈАДИ, КОЈ ПИЕ, А КОЈ ПЛАЌА,“ ВО ОВА НАШЕ ЗДРАВСТВО, И, ЗА ЧУДО ТРЕБАЛО ЗАКОН ЗА ДА СЕ ПОВРЗУВА СО ИКТ?!? ПА, АКО ТРЕБАЛО, ЗОШТО ДО СЕГА  НЕ Е ДОНОСЕН ?!

 

  • НАРЕДЕНИ ЕДЕН ДО ДРУГ, КОВАЧЕВСКИ БОЧВАРСКИ  И ЗАСЕГА ЕДИНСТВЕН СИГУРЕН ЉУБИТЕЛ  ЗА УШТЕ ЕДЕН ПРАТЕНИЧКИ МАНДАТ, МИЛЕ ТАЛЕВСКИ, НЕ БАРE СТАНУВА ЗБОР ЗА СВЕТСКИ ВЛЕЗ ВО ПРИЛЕП ОД КРУШЕВО, ОНАКА МАШКИ ОПНАА ДА СЕ ПРАВДААТ И ДА ОБЈАСНУВААТ ЗОШТО СЕ ОДОЛГОВЛЕКУВАЛА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА. ГИ ГЛЕДАМ И ГИ СЛУШАМ.  ПРИТОА ВООПШТО НЕ МИ Е ЈАСНО НА КОЈ ,,ГЕНИЈ“ МУ ПАДНА НА ПАМЕТ ДА ГИ ,,ПАРКИРА“ ДРЖАВНИВЕ ФУНКЦИОНЕРИ  ПРЕД ГОВОРНИЦА, ПРЕД УЛИЦА ШИРОКА 6,5 МЕТРИ СО ТРАТОАР, А КОЈА  СПОРЕД  УРБАНИСТИЧКИОТ  ПЛАН ТРЕБА ДА БИДЕ СО КОЛОВОЗИ И ТРЕТОАРИ  ШИРОКА 21 МЕТАР. ОД КАКО ВЕТИЈА ДЕКА ЗА ДВЕ НЕДЕЛИ ЌЕ БИДЕ СТАВЕН ПРВИОТ АСФАЛТЕН СЛОЈ, БЕЗ ГРАМ СТРАМ  ПРСТОТ ГО ВПЕРИЈА ВО ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ НА ВМРО-ДПМНЕ И МУ СЕ ,,ИСТУРИЈА“ НА БОКИО ЗА ОВАА УЛИЦА, ЗА  ДОЦНЕЊЕТО СО ПУШТАЊЕ НА  НОВАТА ГРАДИНКАТА ВО ТОЧИЛА, ЗА СПОРТСКИТЕ САЛИ УНИВЕРЗАЛНА КАЈ ТУТУНКИ КОМБИНАТ И САЛАТА МАКЕДОНИЈА. И ЗА ШТО ЛИ УШТЕ НЕ, ГО КРИТИКУВААТ КУТРИ БОРЧЕ ЗА СЕ’ И СЕШТО. НЕ БАРЕ ,ПРИЛЕПЧАНИ НЕ ЗНААТ КОЈ КОЛКУ И ШТО ИМА СРАБОТЕНО. НА КРАЈ КОВАЧЕВСКИ ОТКРИ ДЕКА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НЕМАЛ НИКАКОВ КОНТАКТ СО ВЛАДАТА. И, ЗА ЧУДО  Е ЕДИНСТВЕНИОТ ИЛИ ЕДЕН ОД РЕТКИТЕ КОЈ НЕ МУ СЕ ЈАВИЛ ПО ТЕЛЕФОН КАКО НА ПРЕМИЕР И ПРИТОА НЕ  ПОБАРАЛ НИКАКВА ПОМОШ ВО ИНТЕРЕС НА ГРАЃАНИТЕ И НА ГРАДОТ. ГО СЛУШАМ КОВАЧЕВСКИ И СИ ВЕЛАМ ТОЈ, ШТО СТОИ  ДО ТЕБЕ  ПРАТЕНИКОВ НАШ  ПРИЛЕПСКИ,  МИКИ, ПРЕТХОДНО ТРЕБАЛО ДА ТИ КАЖЕ ДЕКА БОКИ НАШ Е МНОГУ СКРОМЕН И СТРАМЕЖЛИВ ЧОВЕК – Е ЗАТОА ПРЕМИЕРЕ БОКИОВ ТИ СЕ НЕМА ЈАВЕНО.

 

  • ,,ТАЈФАВА“ НЕКАКО МИ БЕШЕ ПУСТА И  НЕ КОМПЛЕТНА БЕЗ  ЦАКИО. ГО НЕМА ПРВИОТ ЧОВЕК НА ПАРТИЈАТА А ЛИДЕРОТ ДОШОЛ НА ГОСТИ ВО ПРИЛЕП?!? И ТОА НЕ Е ПРОБЛЕМ. ПРОБЛЕМ Е ШТО НЕДОСТИГАШЕ ,,ХАРИЗАМТИЧНОСТА“ НА ДИРЕКТОРОТ НА ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ. ОВОЈ МИЛЕ ОПТОВАРЕН СО ВТОРИОТ ПРАТЕНИЧКИ МАНДАТ ПОКАЖУВА И ДОЗА НА  НЕРВОЗА. НЕРВОЗЕН И НЕЗАДОВОЛЕН Е МИКИО И ОД ГЕНЕРАЛНАТА  ПРЕДИЗБОРНА СТРАТЕГИЈА ОД ЦАКИО. АМА НЕРВОЗЕН И ОД МОЖНИОТ РЕЗУЛТАТОТ ВО ОПШТИНАВА. СЕ ЗАБЕЛЕЖУВА КАЈ ЧОВЕКОТ ДЕКА НЕШТО ПОДСВЕСНО ГО ,,ЈАДЕ“. ДАЛИ Е ТОА – ЌЕ БИДЕ МЕЃУ ПРВИТЕ ДЕСЕТ, ВО ЧЕТВРТАТА ИЗБОРНА  ЕДИНИЦА?!? ИЛИ, ИМА УШТЕ НЕШТО, САМО ТОЈ СИ ЗНАЕ. АМА ВО СПОРЕДБА СО НЕГО, ЦАКИО ГЕНИШ ГЕНИШ, ПАК ИМАЛ МНОГУ ПОВАЖНА РАБОТА. БИЛ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ. ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАШНИОВ ОТКУП, РАЗГОВАРАЛЕ  СО ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ И БАРАЛЕ РЕШЕНИЕ. КОЛКУ Е НАЈДЕН ЗАЕДНИЧКИ ЈАЗИК И ПО ОВА КЛУЧНО ПРАШАЊЕ ЌЕ ПОКАЖЕ ПРЕТСТОЈНИОТ ОТКУП НА ТУТУНОТ ИСТО КАКО ШТО ЌЕ ПОКАЖИ ВРЕМЕТО ПРЕД И ПО ИЗБОРИТЕ. ОТИ ГОДИНАВА НЕМА 26  МИЛИОНИ КИЛОГРАМИ ТУКУ САМО 14 МИЛИОНИ КИЛОГРАМИ.

 

  • НЕДЕЛНАВА ИГРАНКАТА ЈА ПРОДОЛЖИЈА ДУОТО ДЕКИ И БОКИ. НЕ ЗА ДРУГО ТУКУ ЗА ДА МУ ОДГОВОРААТ НА КОВАЧЕВСКИ И БОЧВАРСКИ. ЗАСТАНАЛ ДЕКИО НА ИСТОТО МЕСТО ОТКАКО СИ ЗАМИНАА ГОСТИВЕ ОД СКОПЈЕ. И СЕРИОЗЕН ОНАКА И ТОЈ КАКО МИКИО, КАКО  ВОШТЕНИ ФИГУРИ ОД ,,МАДАМ ТИСО“,  МУ РАСПАЛИ НА ОВИЕ ОД СДСМ: МОРЕ ЦИРКУЗАНТИ, МУ ВЕЛИ ДЕКИОВ,  КАЈ ГО ПАРАЛИЗИРАВТЕ СО МЕСЕЦИ СООБРАЌАЈОТ НА УЛИЦАВА „ЛЕЦЕ КОТЕСКИ„, ПА И ГРАДОВ  ДЕНЕСКА ГО ПАРАЛИЗИРАТЕ. ПОТОА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОК НА ВМРО-ДПМНЕ РАСПАЛИ И ПО БОЧВАРСКИ И  МУ УКАЖА ЗА НЕГОВИТЕ ШТЕТНИ ДОГОВОРИ. ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТИШТА. НА СПАСОВСКИ, ПАК, МУ ПОРАЧА ДА ГИ „СТРОИ,“ АМА НЕ КАЖА ВО ЕДЕН ИЛИ ВО ДВА РЕДА,  ПРИЛЕПСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ, ОТИ КРИМИНАЛОТ БИЛ ЗАГРИЖУВАЧКИ. А, НА ПРЕМИЕРОТ, ПАК,  МУ ПРЕПОРАЧА, ДА СИ ПРАВИ ЕКСКУРЗИИ  ВО БЕЛГРАД И ДА СИ ТЕРА ПЕСНИ. АМА, НА ДЕКИО МУ Е СТРАВ ДА ГО СПОМНЕ ТРИОТО КОЕ ВО ЕДЕН ГЛАС СИ ЈА ПЕЕШЕ ПЕСНАТА: „ДАЈТЕ  ВИНА ХОЧУ ЛОМ„. СТРАВ МУ Е  ДА НЕ ДОБИЕ ,,КЛОВКА ПО ГЛАВАТА“ ОД  МИЦКО. АМА ПО СЕ ИЗГЛЕДА СТРАВ МУ Е ПОГОЛЕМ, СЛУЧАЈНО ДА НЕ БИДЕ ЦЕЛОСНО ИЗОСТАВЕН ОД ПРАТЕНИЧКАТА ЛИСТА.

 

  • АМА, ЗАТОА ДЕН ПО ДЕКИО, ВО СВОЈ ЕПТЕН ЈАК ОРАТОРСКИ СТИЛ,  ИЗЛЕЗЕ И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ ЗА ДА ОДГОВОРИ НА ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА, КАКО ШТО ВЕЛИ БОКИО, ПОСЕТИТЕЛИТЕ. ПРЕМИЕР НА ДРЖАВА ДОШОЛ ВО ГРАДОТ, БОКИО ВЕЛИ- ПОСЕТИТЕЛИ. НЕ БАРЕМ ТИЕ ДОЈДОА  ДА ПОСЕТАТ  ИЗЛОЖБА ИЛИ ЗООЛОШКА ГРАДИНА. ГРАДОНАЧАЛНИЧЕ, И  НА ИЗЛОЖБА ДА БЕА, ДОБРО ЌЕ БЕШЕ КАКО ДОМАЌИН НА ЕДНО КАФЕ ДА ГИ ПОКАНЕШЕ. ТОА Е ОСНОВНА ПОЛИТИЧКА КУЛТУРА И НАЧИН НА КОМУНИКАЦИЈА. АКО НЕ ПОВЕЌЕ БАРЕМ  ДА СЕДНЕВТЕ И МУАБЕТ ДА СИ НАПРАВЕВТЕ. АМА И ДА СИ СЕ РАЗБЕРВТЕ. НА ПРИМЕР, ЗОШТО ЗА ПОМОШ ДО СЕГА НЕ СИ ДИГНАЛ ТЕЛЕФОН И НЕ МУ СИ СЕ ЈАВУВАЛ НА ПРЕМИЕРОТ. НАМЕСТО ТОА, САМ СИ ТЕРАШ И ОБЈАСНУВАШ ЗА НЕ МОЖНОСТА ОД ТРЕТА ЛЕНТА ОТИ ТИ ИМАЛО ОДВОДЕН КАНАЛ. ОБЈАСНУВАШ  ДЕКА ТРЕБАЛО ДА СЕ ЕСКПРОПРИРА И ЗЕМЈИШТЕ. ПА, ВЕТУВАШ НОВ ПРОЕКТ ПО 5 ГОДИНИ, А ОД ТЕКОВНИОТ МАНДАТ ИМА УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ. ОБЈАСНУВА БОКИО, НЕ БАРЕ ОВОЈ Е НЕГОВ ПРОЕКТ И Е НЕГОВА ГРЕШКА. ПОРАДИ СЕТО ОВА, САМО ПО СЕБЕ  СЕ НАМЕТНА ПРАШАЊЕТО: БОКИОВ САМ СЕБЕ СИ СЕ БРАНИ ИЛИ ГО БРАНИ НЕГОВИОТ МЕНТОР И ПРЕТХОДНИК ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ – МУЦЕТО. БОЧВАРСКИ И СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ КОИ ГРАВИТИРААТНА ОВОЈ ДЕЛ ОД ИЗЛЕЗОТ НА ПРИЛЕП ПРСТОТ ГО ВПЕРИЈА ВО ТЕБЕ, ОТИ ТИ СИ СЕГА НА ТАА ФУНКЦИЈА, А НЕ ДЕКА СИ ТИ ВИСТИНСКИОТ ВИНОВНИК!

 

  • ГРАДОНАЛНИЧЕ, ПРЕТХОДНИКОТ НА БОЧВАРСКИ, ТВОЈОТ ПРОТИВ КАНДИДАТ  ГОРАН СУГАРЕСКИ, ТОЧНО И ПРЕЦИЗНО КАЖА: ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НА ЧЕЛО СО МУЦЕТО  НА КОНКУРСОТ ЗА ПАРИТЕ ШТО ГИ ОБЕЗБЕДИ ВЛАДАТА ОД СВЕТСКА БАНКА ЗА УЛИЦАТА ЛЕЦЕ КОЦЕСКИ, КОНКУРИРАЛА ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА, А НЕ ЗА ИЗГРАДБА НА НОВ ВЛЕЗ ОД КРУШЕВО ВО ПРИЛЕП. ,,УТКАТА“ Е ТОГАШ НАПРАВЕНА. И ЗА ТОА СИ ЧИСТ!!! НЕМАШ  ВИНА!!! ТУКУ АЈДЕ КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК КАЖИ МУ  НА ГРАЃАНИТЕ,  НА ТВОИТЕ  ДАНОЧНИ  ОБВРЗНИЦИ: ЗОШТО ОПШТИНАТА ГО ЗАГУБИ СУДСКИОТ СПОР СО ,,СТЕНТОН ГРАДБА“ – БИТОЛА. ТИ  БИЛО СУГЕРИРАНО ОБВРСКАТА ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА КЕЈ 1 МАЈ  ШТО Е НАПРАВЕНА ПРЕДИЗБОРНО ОД  ТВОЈОТ  ДРУГАР И КОЛЕГА ИЛИЈА ЈОВАНОСКИ –МУЦЕТО, ТИ ДА ЈА ПЛАТИШ. НЕ СИ ГИ ПОСЛУШАЛ ТВОИТЕ ОД ФИНАНСИИ, ИНАЕТ СИ ТЕРАЛ. ПА, СЕГА НАМЕСТО БЛИЗУ 8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОПШТИНАТА НА РАТИ НА „СТЕНТОН ГРАДБА“ ТРЕБА ДА МУ ПЛАТИ.  АМА НЕ 8 МИЛИОНИ, СУДОТ ВЕЛИ ЌЕ ДА СЕ  ПЛАТАТ НАД 11 МИЛИОНИ ДЕНАРИ. ЕВЕ, ТЕ  ОХРАБРУВАМ, ОНАКА МАШКИ ДА КАЖЕШ ШТО ПИШУВА ВО НАЈНОВИОТ РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ.  УТВРДИЛ МНОГУ НЕПРАВИЛНОСТИ. МЕЃУ КОИ И ТОА ДЕКА РЕНОВИРАНИОТ БУЛЕВАРОТ ,,ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Е ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА БЕЗ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ. ИАКО, ОВА НЕ БИЛО ОБВРЗУВАЧКО, ОТИ ТАКА СТОЕЛО ВО  ДОГОВОРОТ СО ИЗВЕДУВАЧОТ. ЗА ГРАДИНКАТА ВО ТОЧИЛА НЕМА ДА ПРАШАМ. БИДЕЈЌИ, СЕКОЕ ПРАШАЊЕ СТАНУВА АНАХРОНО И БЕСПРЕДМЕТНО И ОД ТЕБЕ И ОД ОНА ШТО ГО ВЕТУВАШЕ И ШТО КАЖУВАШЕ МУЦЕТО.

 

  •  И НА КРАЈ. ДРЖАВНИОТ РЕВИЗОР ИМАЛ СЕРИОЗНИ ЗАБЕЛЕШКИ И ЗА ОНА МОВЧЕНО ОД 550.000 ЕВРА КАЈ СТОЧЕН ПАЗАР. АМА И ЗА ПОДРАЧНОТО НА ООУ „РАМПО ЛЕВКАТА“ ИЗГРАДЕНО НА ОВОЈ ПРОСТОР. КАКО И ЗА ТОА ДЕКА ЗА ОВОЈ ОБЈЕКТ СЕ ПОТРОШЕНИ 112.000 ЕВРА, А ОБЈЕКТОТ Е НАПУШТЕН НЕОБЕЗБЕДЕН И ЗАПУСТЕН. РЕВИЗОРСКИОТ ИЗВЕШТАЈ И  ЗА МИНАТАТА  ГОДИНА НЕ Е НЕШТО ЗА ФАЛЕЊЕ. АМА ЗА ОВА МОЛЧАТ ВО ОПШТИНАВА. ВО БУЏЕТОТ ФАЛАТ НАД 447.000 ЕВРА ЗА  НАДОМЕСТОЦИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНА ЧИСТОТА  И УРБАНО ЗЕЛЕНИЛО И КОМУНАЛНА ТАКСА. УТВРДЕНИ СЕ И ДРУГИ НЕСОГЛАСУВАЊА И НЕПРАВИЛНОСТИ. ОД БУЏЕТОТ ЛАНИ СЕ ТРОШЕНИ ПАРИ ОД ГРАЃАНИТЕ БЕЗ ДОНЕСЕНИ ПРОГРАМИ. А КОРИСНИЦИТЕ НА ОВИЕ СРЕДСТВА НЕ ПОДНЕСУВАЛЕ ИЗВЕШТАИ ЗА ПОТРЕШЕНИТЕ ОПШТИНСКИ СРЕДСТВА. СЕГА СЕ ПОСТАВУВА КЛУЧНОТО ПРАШАЊЕ: ДАЛИ ПО ВАКВИ ПРОТИВЗАКОНСКИ ФИНАНСИСКО МАТЕРИЈАЛНИ ТРАНСФЕРИРАЊА И ТРОШЕЊЕ НА БУЏЕТСКИ ПАРИ НЕКОЈ ПРЕД НЕКОГО ЗА НЕШТО ЌЕ ОДГОВАРА ИЛИ ПАК ЌЕ СЕ ТЕРА ОНАА НАРОДНАТА : КУЧИЊАТА СИ ЛААТ, АМА КАРАВАНОТ СИ ВРВИ.

 

 

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)„Мрзливиот ќелеш и змијата“ иновативна радио драма во реализација на Театарска работилница Прилеп

Пела Редакција

Исчезнат е Петар Рујаноски – Стојановски од Прилеп , семејството бара помош

Никола Димески

Млад уметник со мал бизнис но со голема желба и љубов кон своите уникатни рачни изработки – Матеа Поповска (ВИДЕО+ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе