29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

СВР Битола: управните служби за издавање на патни исправи ќе работат и во сабота

Секторот за внатрешни работи Битола, под чија надлежност е и ОВР Прилеп со известување до граѓаните од регионов во врска со подигнување на готовите патни исправи:

Се известуваат граѓаните на подрачјето на Битола дека Управните служби при СВР Битола ќе работат на  13.07.2024 (сабота), со работно време од 08.00 до 16.00 часот, за подигнување на готови лични документи (лични карти,  патни исправи и возачки дозволи), а граѓаните истото можат да го направат и секој работен ден, во периодот од 08.00 до 19.30 часот.
Воедно, ги известуваме граѓаните кои се сликани за патна исправа до 06.06.2024 година, да ги подигнат готовите документи, стои во известувањето од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Внимателно! Водата во Крушево е неисправна за пиење

ВЕЛИГДЕНСКА ДОНАЦИЈА ЗА ДЕЦАТА ОД СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИ СЕМЕЈСТВА ОД СВЕТОТ НА КОЛОРЕС И ВИТАМИНКА

Ако дестинација Ви е Крушево – богата програмата за „10 дена Крушевска Република“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе