10 C
Прилеп
сабота, 29 март, 2025
Пела Радио

Четири медали за прилепските боксери од државното првенство во Штип (ФОТО)

Традицијата продолжува , прилепските боксери со четири освоени медали се вратија од државното првенство во бокс кое изминатиов викенд се одржа во Штип а технички организатор беше боксерскиот клуб “Пинк Пантер”.Боите на клубот ги бранеа Матеј Чатлески кој и покрај проблемите со повредата на рамото успеа да освои бронзен медал во категоријата до 80 килограми , Влатко Димески кој на своето деби , исто така освои бронзен медал.

Во своите категории Еминос Мендерес до 60 кг.  со 2:0 триумфираше над Лука Гроздановски од “А. Огненосвки”, а во истата категорија до 63кг., Димитар Талимче победи со истиот резултат против Матеј Батковски “А. Огненовски”.

Боксерскиот клуб Ас продолжува континуирано да бележи одлични резултати на домашна сцена , а секако тоа важи и за настапите надвор од границите на Македонија.

 

Би можело да ве интересира

Дамевски: Засекогаш ќе ја паметам титулата освоена со Победа (ВИДЕО+ФОТО)

Никола Димески

Победа го совлада Борец во Велес со минимални 0:1 (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

ППК Младост 96 “ита” кон титула

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе