10.9 C
Прилеп
среда, 23 април, 2025
Пела Радио

При субвенционирањето на компаниите за зголемување на платите на вработените да се земе просекот на платите од август, септември и октомври предлага Прилепската стопанска комора

При субвенционирањето на компаниите за зголемување на платите на вработените да се земе просекот на платите од август, септември и октомври и да се однесува на сите приватни компании без исклучок, сугерираат од прилепската Регионална стопанска комора каде позитивно ги оценуваат мерките.

 

– Предлагаме при основата врз која ќе бидат планирани средствата за субвенционирање да бидат земени предвид исплатените плати од август, септември и октомври. Објавата е дадена сега, за плати кои не се исплатени за ноември. Тоа значи дека веруваме дека би можело да настане одредена злоупотреба во зголемувањето на платите. Имено, сметаме дека може да настане автоматско намалување на платите за да може просечната сума врз која ќе биде исплатена зголемената плата и нејзиното субвенционирање да биде пониско. За да биде успешно реализиран овој пакет-мерки, сметаме дека треба да се земат како норми исплатените плати во август, септември и октомври, вели Ирена Јакимовска, Претседателка на Регионалната стопанска комора – Прилеп.

 

Од Комората оценуваат дека оваа мерка ќе влијае позитивно врз животниот стандард и ќе овозможи повеќе работодавачи да ги зголемат платите и да бидат конкурентни на пазарот.

Деветтиот владин пакет антикризни мерки тежи 662 милиони евра и содржи 26 мерки.  Стопанството ќе биде поддржано со над 492 милиона евра.

„Работниците се силата на економијата и на целото општество. Во овој пакет мерки обезбедивме финансиска поддршка за субвенционирање на придонесите на нови и постојни вработени, за зголемување на платите на работниците од 3.000 – 9.000 денари.“ истакна претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, кој пред три дена ,на прес-конференција, го презентираше деветтиот пакет антикризни мерки, кој е во вредност од 662 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Шеќеринска во Еурокомпозит: Трансформацијата на долгот кон ПИОМ е прв чекор за решение

Објавен јавен повик од ИПАРД III програмата

Пела Редакција

Националната платформа за женско претприемништво ќе делува за одржлив економски раст

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе