10.7 C
Прилеп
недела, 30 март, 2025
Пела Радио

Големото пелагониско дерби Победа-Пелистер 0:2

Убаво време, околу триилјадна публика, добра навивачка атмосфера, и, се совршено за квалитетна фудбалска игра на теренот “Гоце Делчев„ – Прилеп, со огромно очекувања дека домашниот тим ќе победи, но од се тоа само тажни лица и разочарани гледачи, по завршување на натпреварот кој беше пелагониско дерби во ВМФЛ, меѓу Победа и Пелистер.

Пелистер се покажа како понадмоќна екипа, со повеќе шански и често на половината на домаќинот, а Победа со само два-три упатени удари на голот од противникот,само ја потврди својата неможност. Па,  пелагониското дерби во Прилеп во 14. коло од Втората македонска фудбалска лига меѓу Победа – Пелистер ,заврши со резултат 0:2, со што ја им се овозможи на пелистерци да ја продолжат битката за водечките две позиции на табелатаа, а Победа со 15 бода да остане на 13 место со трите екипи кои се на дното на табелата.

Бојан Спиркоски во 40. минута ги донесе „пелистерци“ до водство од 0-1, а Јованчо Трајковски во 74. минута ги постави конечните 0-2.

СЛЕДНО 15. КОЛО (9 декември во 13 часот) Победа игра во гости  против екипта на Беса

Би можело да ве интересира

🚲Вело тура за култура на 20 октомври-четврто издание

Пела Редакција

Победа не го совлада Тиквеш! Но, само на ова дерби имаше едноминутно молчење за Дојчиноски

Елизабета Филипоска

Прилепските боксерски асови заслужено до титула државни прваци во младинската лига (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе