На 6 декември 2023, среда, од 13.00ч. во Ликовната галерија од Центарот за култура ќе биде отворена изложбата на дела од Мал Битолски Монмартр.
Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ е основано во 1968 г. како визија која низ годините преминала во основна мисија на идејниот творец – ликовниот педагог Коста Хаџи- Антоновски.Почнувајќи од 1981 година Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ е организатор и реализатор на 2-те најголеми детски ликовни Манифестации на глобално ниво.
Светската детска ликовна изложба “Битола” на чиј конкурс во текот на една календарска година се пријавуваат над 80 држави со околу 45.000 детски ликовни творби од над 35.000 ученици од над 800 приватни и државни школи. Оваа манифестација свечено се отвора секој 23-ти мај за тековната година и трае како поставка до следната година. Со над 2.000.000 детски ликовни цртежи од постоењето на оваа Манифестација, истата во 1995, 1996 и 1997 година три пати е заведена во Гинисовата книга на рекорди како најобемна по пристигнатите изложени дела.
Малиот Битолски Монмартр на покана на ИОК е редовен гостин на Олимписките игри од 2ООО година како промотор на уметноста. Бил на шест Олимпијади без прекин и тоа во: Атина – Сиднеј – Пекинг – Лондон – Рио Де Женеиро и Токио. Во 2О24 година е гостин на Олимписките и Параолимписки игри во Париз – Франција.
Мал Битолски Монмартр како светска детска ликовна колонија исто така без прекин се реализира од 1981 година и е засебно првата светска детска ликовна колонија од која никнале сите останати како колониите во Хонг Конг – Кина; Пиатра Неамт – Романија; Белград – Србија; Евора – Португалија; Пловдив и Софија – Бугарија а во најава е следната во Тел Авив – Израел.
Мал Битолски Монмартр традиционално се отвора секоја година на 23-ти мај во очи патрониот празник на Светите браќа Кирил и Методиј и трае се до 30-ти мај при што во седум дена се реализираат и ликовни еднодневни каравани до Охрид – Вевчани – Крушево – битолското село Буково и 1000 годишниот Манастир “Свети Јован Бигорски”. На оваа манифестација секоја година творат учесници од целиот свет [ се канат 25 до 3О делегации од исто толку држави во тимови од професори и ученици кои формираат цифра од 12О до 2ОО учесници, при што за седум колониски дена на тема староградска и урбана архитектура се создаваат околу 500 детски ликовни дела. Од своето основање манифестацијата ја посетиле над 8.000 ученици од целиот свет, кои оставиле фонд од над 25.500 ликовни уметнички дела.
Низ Детското ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола поминале над 5.500 ученици – млади ликовни уметници кои бесплатно се едуцираат во објектот во кој е сместена и единствената Детска ликовна галерија на Балканот “Монмартр”. Само за школската 2023/2024 година во студиото членуваат над 120 ученици.