0.8 C
Прилеп
петок, 27 декември, 2024
Пела Радио

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (63)

Пишува Зоран Момироски

  • КОГА ЗЕМЈАВА И РЕГИОНОТ Е ЗГРОЗЕН И ГИ ПРЕЖИВУВА НАЈТЕШКИТЕ МОМЕНТИ ПО КИДНАПИРАЊЕТО И МОНСТРУОЗНОТО УБИСТВО НА 14 ГОДИШНАТА ВАЊА, БЕСПРЕДМЕТНО Е ДА СЕ КОМЕНТИРААТ ИЛИ СПОДЕЛУВААТ БИЛО КАКВИ СТАВОВИ ЗА СОСТОЈБИ ВО ЕДЕН ГРАД ИЛИ ОПШТИНА. И ПРИЛЕП  ДЕНОВИВЕ ЖИВЕЕ И СОЧУВСТВУВА СО ОВА, ЗА НАС НЕВИДЕНО  МОСТРУОЗНО И НЕПРИФАТЛИВО УБИСТВО НА 14 ГОДИШНАТА ВАЊА УЧЕНИЧКА ВО СКОПСКОТО ОУ ПЕСТАЛОЦИ, КАКО И НА 74 ГОДИШНИОТ ВЕЛЕШАНЕЦ ПАНЧЕ. ПОЛИЦИЈАТА ЕКСПРЕСНО ГИ ОТКРИ ИЗВРШИТЕЛИТЕ. ИСТРАГАТА ЌЕ ПОКАЖЕ ДАЛИ  ДОСЕГА ОСОМНИЧЕНИТЕ ОД ДРУЖИНАТА И ПАРТИЈАТА НА ПАЛЧО УЧЕСТВУВАЛЕ ВО ОВИЕ ГНАСНИ УБИСТВА. ПОД СИЛНА РЕАКЦИЈА НА ЈАВНОСТА ВЕРУВАМ  ДЕКА И ОБВИНИТЕЛСТВОТО И СУДОТ ЌЕ ЈА ЗАВРШАТ СВОЈАТА РАБОТА. ОНА НА ШТО ТРЕБА ДА СЕ ОБРНЕ ВНИМАНИЕ И ТОА СО СЕТА СОВЕСТ И ЧОВЕЧКА ОДГОВОРНОСТ Е ФАКТОТ – ДО КАКВИ ТЕШКИ ПОСЛЕДИЦИ МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ СПОЈОТ НА ПАРИТЕ И ИНТЕРЕСОТ ЗА ПОЛИТИКАТА; ПОТОА ВРСКИТЕ НА  „ЧЕСНИТЕ“ ПОЛИТИЧАРИ-МОНСТРУМИ СО ГРАДЕЖНАТА МАФИЈА, НО И СО АПАШИТЕ; ПОТОА СО ОЛИГАРХИЈАТА; СО СИВАТА  ЕМИНЕНЦИЈА И СО НЕЧОВЕЧКИОТ ГНАСЕН ПРИСТАП ВО ИЗВРШУВАЊЕТО НА ФУНКЦИЈАТА. СЕГА МОЖЕМЕ ДА ЗАБЕЛЕЖИМЕ ДЕКА И „МОНСТРУМИ ВО ДУШАТА“ ГО ОСУДУВААТ СВОЈОТ КОЛЕГА ПО ,,ДУША“ МОНСТРУМ. НЕДОКВАКАНИ  ПОЛИТИЧАРИ ИЗБРАНИ ОД НАРОД  КОИ ПОКРАЈ ПАРИТЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА УБАВИОТ  ЖИВОТ, УБАВИ ЖЕНИ ИЛИ ДЕВОЈКИ, СЕ РУШАТ  БРАКОВИ  КОИ НЕРЕТКО ЗАВРШУВААТ СО УБИСТВА, САМОУБИСТВА. ПА ОД ПОЗИЦИЈАТА СО УЦЕНИ НА МНОГУ ПОМЛАДИ ДЕВОЈКИ ОД ВОЗРАСТА НА ПОЛИТИЧАРОТ-ФУНКЦИОНЕР СЕ ДОАЃА  ДО РАБОТНО МЕСТО ИЛИ ПАРТИСКО-ОПШТЕСТВЕНА ФУНКЦИЈА, А НЕ РЕТКО ВАКВИТЕ ИГРИ ЗАВРШУВААТ И  СО СВИНГЕР ДРУЖБИ.

 

  • ВО ЗНАК НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ДЕНОВИВЕ ВО ОУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО ГРАДОВ  УКИНАТА Е ЗАБРАНАТА ЗА НЕНОСЕЊЕ НА МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ ОД СТРАНА НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕТО. НО, ДОДЕКА Е ВО ТЕК НАСТАВАТА НЕМА И, НЕ ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТАТ. ДАЛИ ОВАА НОВИНА ЌЕ ЈА ВОВЕДАТ И ДРУГИТЕ УЧИЛИШТА СЕ’ УШТЕ НЕМА  ПОТВРДНА  ИНФОРМАЦИЈА. БИДЕЈЌИ ПОСТОИ СТРАВ И КАЈ РОДИТЕЛИТЕ И КАЈ НАСТАВНИЦИТЕИ НО, И КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ОСОБЕНО ВО ОВОЈ СЕНЗИТИВЕН МИГ  ПО КИДНАПРАЊЕТО И МОНСТРУОЗНОТО ЛИКВИДИРАЊЕ  НА 14 ГОДИШНАТА ВАЊА СЕ ОЧЕКУВА КАКО МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ  ДА СЕ СЛЕДИ ОВОЈ ПРИМЕР. ПРИТОА,БИДЕЈЌИ ВО ДРЖАВИЧКАВА  РАБОТАТА Е ЗАМИНАТА ЕПТЕН ДАЛЕКУ  НЕОПХОДНИ СЕ И ДОПОЛНИТЕЛНИ АКТИВНОСТИ ОД РОДИТЕЛИТЕ, ОД НАСТАВНИЦИТЕ, НО И ОД ПСИХОЛОШКО ПЕДАГОШКИТЕ СЛУЖБИ ВО УЧИЛИШТАТА. ЗАТОА ДОБРО Е ВО НОВО НАСТАНАТАТА СИТУАЦИЈА  УЧЕНИЦИТЕ  ДА ИМААТ ПРАВО ДА ГИ НОСАТ МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕФОНИ! НО ДА НЕ ГИ КОРИСТАТ. А,УШТЕ ПОДОБРО  Е  НАСТАВНИЦИТЕ И ПЕДАГОШКИТЕ СЛУЖБИ ВО СИТЕ  УЧИЛИШТА АКО ИМААТ ПРАВО ДА ГИ КОРИСТАТ ЛАПТОПИТЕ, КОМПЈУТЕРИТЕ И ТАБЛЕТИТЕ, МЕЃУ ДРУГОТО И  ДА СИ ,,КЛИМЧАТ“  НА ФБ И ДРУГИТЕ  СОЦИЈАЛНИ  МРЕЖИ.ДА СИ ЛАЈКУВААТ И ВО РАБОТНО ВРЕМЕ  ДА КОМЕНТИРААТ, ДА СИМНАТ ПРОГРАМИ И ИСКУСТВА, ДА ПОЧНАТ ДА ГИ ПОДГОТВУВААТ И СО ТОА ДА ГИ  УПАТУВААТ ДЕЦАТА ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВАТ  ДОКОЛКУ, НЕ ДАЈ БОЖЕ ИМ СЕ СЛУЧИ ОБИД ИЛИ КИДНАПИРАЊЕ. КАКО ДА ПОСТАПАТ  ВО СЛУЧАЈ НА МАСОВНИ  ИЛИ ПОЕДИНАЧНИ  НАСИЛСТВА ИЛИ ФИЗИЧКА ПРЕСМЕТКА И ЗА ВО ДРУГИ НЕПРИЛИКИ, ИСТО КАКО ШТО ТОА СЕ ПРАВИ И ВО УЧИЛИШТАТА ВО ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ.

 

  • ВО ГРАДОВ СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ЖЕНИ КОИ ПРИЈАВИЛЕ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО. ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ ИМАЛО 150 ПРИЈАВИ. ЛАНИ 140 ПРИЈАВИ, ГОДИНАВА 89 ПРИЈАВИ A,ОД ОВИЕ САМО 30 ЗАВРШИЛЕ СО ПРЕДЛОГ МЕРКА ДО ОСНОВНИОТ СУД. ОД ОВА, НАДЛЕЖНИТЕ КОНСТАТИРАЛЕ ДЕКА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО ПРИЛЕП СЕ НАМАЛИЛО. СЕ ПРАШУВАМ  КАКО Е МОЖНО ДА НЕ СЕ НАМАЛИ, КОГА ИЛЈАДНИЦИ БРАЧНИ ДРУГАРИ ЖИВЕАТ ОДДЕЛНО. ЕДНИOT ВО ПРИЛЕП ДРУГИОТ НА ПЕЧАЛБА ВО НЕКОЈА ОД ЗЕМЈИТЕ ОД ЕУ? ДАЛИ ИМА НЕКОЈ ТОЧЕН ПОДАТОК КОЛКУ МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ СЕ ИМААТ  ИСЕЛЕНО?!? И ТОА ВО ЗЕМЈИ КАДЕ ШТО НАСИЛСТВОТО  ВРЗ ЖЕНА, ДЕТЕ ИЛИ МАЖ СЕ КАЗНУВА БРЗО, ЕФИКАСНО И МНОГУ СТРОГО. ИМА НЕКОЈ ДА КАЖЕ КОЛКУ ОД ИСЕЛЕНИТЕ СЕ  МАЖИ КОИ ГИ ОСТАВИЛЕ СВОИТЕ ЖЕНИ ИЛИ ОБРАТНО И  ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО? СВЕДОЦИ СМЕ  ДЕКА ГИ ИМА СКОРО ВО СЕКОЈА  ВТОРА КУЌА. ИМА И ТАКВИ КАДЕ ШТО  МАЖОТ Е САМ СО ДЕЦАТА. АКО Е ТАКА ТОГАШ СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО КОЈ СО КОГО БИ  ГО ПРАВЕЛ?!  ЌЕ ЗАСТАНЕ ЖЕНАТА ИЛИ МАЖОТ ПРЕД ОГЛЕДАЛО И САМА ВРЗ СЕБЕ ЌЕ ВРШИ НАСИЛСТВО?!? АКО СО СИЛЕН ГЛАС ГОВОРИТЕ И СЕ БОРИТЕ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ, АЈДЕ ОД ОВИЕ НВО НЕКОЈ НЕКА ИЗЛЕЗЕ СО ПОДАТОК КОЛКУ ЖЕНИ ИМААТ НАПРАВЕНО СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВРЗ СВОИТЕ МАЖИ!!! КОЛКУ МАЖИ СЕ ТЕПАНИ МАЛТРЕТИРАНИ. ИЛИ ОМАЛОВАЖУВАНИ  ОД СВОИТЕ ЖЕНИ?!? И КОЛКУ ОД ТИЕ СЛУЧАЕВИ СЕ ПРИЈАВЕНИ?!? СО ЕДНАКВИОТ ТРЕТМАН ОВИЕ ПРОБЛЕМИ СО ДЕЦЕНИИ СЕ ТРЕТИРААТ ТАМУ ОД КАДЕ ШТО НАШИВЕ НВО ЗЕМААТ ПАРИ И ЗА ВАКВИ ПРОЕКТИ И АКТИВНОСТИ ТРОШАТ ПАРИ.

 

  • МЕТОДИЈА КОСТОСКИ ОД ЛЕВИЦА  ПОДНЕСЕ НЕОДПОВИКЛИВА ОСТАВКА ОД СОВЕТНИК ВО СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПРИЛЕП!!! СПОРЕД НАШИ ИНФОРМАЦИИ  КОСТОСКИ Е НЕЗАДОВОЛЕН ОД РАБОТАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТОТ ДЕЈАН ПРОДАНОСКИ. НО И ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БОРЧЕ ЈОВЧЕСКИ. ДВЕ ГОДИНИ ОД ОВОЈ СОСТАВ НА ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА  Е САМО ИЗГУБЕН ПЕРИОД  НА ШТЕТА НА ПРИЛЕПЧАНИ. НАД  20 ПРЕДЛОЗИ И ИНИЦИЈАТИВИ ОД КОСТОСКИ И ЛЕВИЦА  ВООПШТО НЕ БИЛЕ СТАВЕНИ НА ДНЕВЕН РЕД. ДЕКИО ГИ ОДБИВАЛ СО ОБРАЗЛОЖЕНИЕ СО НАВОДНА  „ПРАВНА НЕПИСМЕНОСТ“.  А ЕДИНСТВЕНАТА  ЦЕЛ НА ОВОЈ СОВЕТНИК БИЛА КОЛКУ ТОЛКУ ПРИЛЕП  ДА СЕ НАПРАВИ ПРИСТОЈНО МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ. НАМЕСТО ДА СЕ ИЗВРШАТ ВОНРЕДНИ ИНСПЕКЦИСКИ НАДЗОРИ ПО БАРАЊЕ НА ГРАЃАНИ  ДО КОСТОСКИ,  ИНСПЕКТОРИТЕ „КОДОШЕЛЕ“ КАЈ ПРЕКРШИТЕЛИТЕ НА ЗАКОНОТ КОЈ ПРИЈАВИЛ. И РЕВИЗОРСКИОТ ИЗВЕШТАЈ Е НА БАРАЊЕ НА ЛЕВИЦА. И ПОКРАЈ УТВРДЕНИТЕ  ЗЛОУПОТРЕБИ И ПРОТИВ ЗАКОНСКОТО  РАБОТЕЊЕ, КАКО ОД СЕГАШНИОТ, ТАКА И ОД  ПРЕТХОДНИОТ  ГРАДОНАЧАЛНИК, НИ ВМРО-ДПМНЕ, НИ СДСМ ДО СЕГА НЕМААТ  ПРЕЗЕМЕНО НИКАКАКВИ СООДВЕТНИ НОРМАЛНИ И ЦИВИЛИЗАЦИСКИ ПРАВНИ МЕРКИ. АМБИЕНТОТ ЗА МЕНДЕ НАЈВЕРОЈАТНО Е НЕПРИФАТЛИВ. ПРЕД СЕБЕ  И ПРЕД ЛИЧНАТА СОВЕСТ ТОЈ НЕМА ОПРАВДУВАЊЕ  ДА ЗЕМА 20.000 ДЕНАРИ СОВЕТНИЧКИ ПАУШАЛ. МЕТОДИЈА КОСТОСКИ ОСТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЛОКАЛНИОТ КЛУБ И ЧЛЕН ВО ПОВИСОКИТЕ ОРГАНИ НА ПАРТИЈАТА. А СОВЕТНИЧКОТО МЕСТО ЌЕ ГО ЗАЗЕМЕ КАТЕРИНА ПУЗЕСКА- КОМЕРЦИЈАЛИСТ ОД ИСТАТА ПАРТИЈА.

 

  • ВО БЛИЗИНА НА СЕЛОТО АЛИНЦИ СЕ НАОЃА ПОЗНАТОТО НАОЃАЛИШТЕ ЗА МИНЕРАЛИ ,,ЦРН КАМЕН“. НАОЃАЛИШТЕТО СЕ ПРОТЕГА ОД АЛИНЦИ ДО ШЕЛЕВЕРЦИ . СПЕЦИФИЧНОСТА  НА ОВА НАОЃАЛИШТЕ Е ШТО ИМА РЕТКИ МИНЕРАЛИ  НА УРАНИУМ. ТУКА Е ПРОНАЈДЕН И ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ КРИСТАЛИ ТИТАНИТ ТЕШКИ НЕКОЛКУ КИЛОГРАМИ. БИДЕЈЌИ Е РЕТКО НАОЃАЛИШТЕ ТУКА ИМА И МИНЕРАЛ КОЈ ШТО ГО НОСИ ИМЕТО НА НАШАТА ДРЖАВА ,,МАКЕДОНИТ“. И НАОЃАЛИШТЕТО ЗАСЕГА ПРЕТСТАВУВА ГЕОЛОШКИ МУЗЕЈ НА ОТВОРЕНО. ТРЕБА ДА СЕ ЗНАЕ  И ТОА ДЕКА  НАОЃАЛИШТЕ ПАРАГЕНТСКИ Е ПОВРЗАНО СО ИНТРУЗИВНО  МАГМАТСКО ТЕЛО- АЛКАЛЕН СИЕНИТ. ТОЈ СОДРЖИ КРУПНИ КРИСТАЛИ НА МИКРОКЛИН, АЛБИТ, СПЕЦИФИЧЕН ВЛАКНЕСТ АМФИБИЛ И ДРУГИ ЕЛЕМЕНТИ. АПЕЛИРА И ИНСИСТИРА НА ЗАШТИТА И ВНИМАТЕЛНОСТ ВЕЈСА ДАМЕСКИ –ДИПЛОМИРАН ИНЖЕНЕР – ГЕОЛОГ, НО  И ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМИТЕТОТ ЗА ЗАШТИТА НА ПРИРОДНОТО И КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА, ОСОБЕНО ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ГЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА  НА ПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА  ШТО ОД 11 ОВОЈ МЕСЕЦ  ЌЕ СЕ ВРШАТ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА БЕХТЕЛ И ЕНКА – КОРЗОЦИУМ ШТО ЌЕ ЈА ГРАДИ ОВАА ДЕЛНИЦА. ВЕЌЕ Е ПОЗНАТО ДЕКА ПОРАДИ ОВИЕ ГЕО – ИСТРАЖУВАЊА ОД ПОНЕДЕЛНИК СЕ ВОВЕДУВА И ПОСЕБЕН ШЕСТ МЕСЕЧЕН СООБРАЌАЕН  РЕЖИМ НА ОВАА ДЕЛНИЦА, А ВО ТЕКОТ НА ИСТРАЖУВАЊАТА ЌЕИМА И МИНИРАЊА НА ОПРЕДЕЛЕНИ МЕСТА.

 

  • 5 ЕВРА ЗА КИЛОГРАМ ТУТУН НЕМА, И НЕ МОЖЕ ДА ИМА. РЕАЛНО ОТКУПНАТА ЦЕНА ТРЕБА ДА БИДЕ 10 ЕВРА. ОВА Е ПОСЛЕДНАТА ОДЛУКА И ПОНУДА ШТО ТУТУНОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ИМ ЈА ИСПРАТИЈА НА ОТКУПУВАЧИТЕ ОД  ПОСЛЕДНИОТ ЗАЕДНИЧКИ СОСТАНОК ШТО ГО ОРГАНИЗИРАА ПРЕКУ НАЦИОНАЛНАТА ЗЕМЈОДЕЛСКА МРЕЖА И ЗДРУЖЕНИЕТО „ТУТУНСКА НАДЕЖ“. СЕГА НА ПОТЕГ Е МИНИСТЕРСТВТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ И ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ ПРИЛЕП ВО ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ. КОЈ ЌЕ БИДЕ ОДГОВОРОТ НА ОТКУПУВАЧИТЕ КОИ СЕ ВО ПРИВАТНА СОПСТВЕНОСТ, НА ТУТУНСКИОТ КОМБИНАТ И НА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕ ДОПРВА ТРЕБА ДА СЕ ВИДИ. ФАКТ Е ДЕКА ТУТУНАРИТЕ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ОВАА ЦЕЛ ИМААТ ОДЛИЧНА ПОЗИЦИЈА. ОТКУПУВАЧИТЕ ИМААТ ПОТРЕБА ОД 26 МИЛИОНИ  КИЛОГРАМИ ТУТУН, А НА ДОМАШНИОТ ПАЗАР ИМА ОКОЛУ 14 МИЛИОНИ КИЛОГРАМИ.  КАКО ЌЕ ПОМИНЕ ГОДИНАШНИОТ ОТКУП  НА ТУТУНОТ МНОГУ БРЗО ЌЕ СЕ ВИДИ.

 

Би можело да ве интересира

ПАНАЃУР🍇🌶️ИЗБЕРИ ЗДРАВО, ЖИВЕЈ СИЛНО🫐🍎(ГАЛЕРИЈА)

Пела Редакција

(ВИДЕО)Семејното насилство се’ поприсутно, потребни се згрижувачки центри

Пела Редакција

Без струја утре (вторник) во текот на денот ќе останат неколку улици и населби

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе