Иако, не извојуваа победа против посилнот тим, првакот, Еурофарм Пелистер, ракометарите на Прилеп дадоа максимален отпор и на прилепската публика, во последниот натпревар од полусезоната од Суперлигата и приредија неизвесен и одличен натпревар и им зададао мака на пелистерци, кои во последнаите 5 минути од натпреварот создадоа резултатска предност, 33-38 (15-20).
Пелагониското дерби започна со израмнета игра, иако Еурофарм Пелистер не ги даде сите располозливи играчки сили, сепак, се почуствува жарот и желбата за калитетна игра на прилепчани, што резултираше со одлични одбрани на голманскиот соства и несомнено добра партија на централниот играч, Владан Кастратовиќ , Никола Цветаноски и двете крила , левото 17 годишниот Давид Трајкоски ( 6 гола) , а особено Денис Шабановиќ, кој на овој натпревар постигна 8 гола и беше нерешлива енигма за пелистерци.
Во вториот дел од натпреварот следуваше неочекуван удар за гостинскиот тим, затоа што Прилеп направи серија од 5-1 и ја врати неизвесноста на натпреварот. Тесно беше и во следните десет минути. Во 48 минута, домаќинот со голот на Кастратовиќ дојде до изрманување, 28:28 . Сепак, поискусната екипа Еурофарм Пелистер, со мини серија го скрши отпорот на домаќинот во финишот и со победа ја затвори годината.
Прилепчани не ги добија бодвоите, но добија аплауз од својата пубилка за одлично прикажана игра.Прилеп настапот во Супер лигата ќе го продолжи во плеј-аут фазата и во борбата за опстанок ќе пренесе два бода.