0.8 C
Прилеп
петок, 27 декември, 2024
Пела Радио

Тутунскиот откуп во шах – мат !!!

Околу 300 откупни пунктови и денеска беа отворени за преземање на тутун. Некои тутунарите однесле дел од производството, но откупувачите не го преземаат,  велат претставници од неколку здруженија од Прилеп и Долнени кои се дел од Сојузот на земјоделски здруженија – официјалниот претставник на тутунопроизводителите кој што ги делегира поверениците на вагите. Се наметнуваат низа прашања, за кои како што велат и самите одговорот треба да го даде ресорното министерство и Државниот инспекторат за земјоделство. Според Законот за тутун и тутунски производи откупот е во тек и ниту една фирма регистрирана за откуп не смее да не откупува.

– На откупните пунктови во општина Прилеп, некаде се носи тутун, некаде не, ама и тој што носи тутун, ама и тој што го носат не му го откупуваат со образложение дека – ни наредија да не го откупуваме тутунот. Ги прашувам надлежните нека кажат зошто не се откупува тутунот? И по која цена ќе го откупуваат? Луѓето носат тутун, еве и јас носев тутун како претседател на „Мице Козар“. Јас денеска носев 17 картони однесов, не ми откупува ни Секе, ни Кавадарци, со образложение – ни рекоа да не откупуваме тутун. Нека ми одговори министерството, министерот, кој е надлежен, зошто не откупуваат тутун. Ја повикуваме инспекцијата да излезе на терен да види што се случува. Сите сме ние тутунопроизводители, не знаеме што се случува ни зошто, ни по која цена ќе се откупува. Околу покачувањата кои што ги баравме нема ништо, и тоа го чекаме, но луѓето имаат обврски, тутун да предадат до Нова година. Луѓето треба да затворат кредити, зеле трактори, купиле, дали вака или така тие ќе го предадат тутун, па после ќе им доплаќаат. Ние не сме на повидок да предадеме тутун. Нека се договорат еве министерот, министерството кој е надлежен. Сите пунктови се отворени, а тутун не откупува никој. Од друга страна ние како здружение имаме повереници поставено. Денот не’ кошта 5 илјади евра за повереници, два дена – 10 илјади евра, од што ќе се платат тие  и тоа да прашам,“  посочи Даноски, претседател на Здружението „Мице Козар“ Прилеп.

– Не знаеме ни ние зошто не откупуваат тутун. И фирмите нека си откупуваат тие, ако има зголемување на цените, разлика на класите треба да му го доплатат на тутунарите. Јас сум од Здружение „Мице Козар“ ние имаме поставено повереници, ние не знаеме од што ќе ги платиме поверениците 5280 до 5 300 ваги има, од што ќе ги платиме поверениците, а денеска не се откупува ни грам тутун, ни некни не денеска, од што ќе ги платиме поверениците. Тутунарите носат, а откупните центри не сакаат да откупуваат вели Гоце Јончески од Заполжани, прилепско.

Претставниците на тутунските здруженија од долненско го повикуваат инспекторатот да излезе на терен.

– Мене ова не ме бендисува ни од министерството, па ни од откупувачите бидејќи е кризна година за тутун. Моменталната состојба е многу тешка, луѓето си носат тутун и го враќаат назад. Зошто фирмите не откупуваат на старата цена? Не откупуваат ни со старата цена. Што е работата, луѓето го носат на вага и го враќаат назад. Ако прифаат и другите здруженија сите повереници да се повлечат и откупувачите кога ќе бараат поверениците ние не треба да им ги пуштиме. Го замолувам директорот на инспекторатот нека излези малку на терен. Овој народ гладен народ е, нека води рачун, вели Муса Ибраимоски од општина Долнени, Здружение Златен лист.

На припомош во новонастанатата ситуација се огласи и Перо Стојкоски од Асоцијација на земјоделци со предлог – откупувачите да ги обесштетат тутунските здруженија кои обезбедуваат повереници бидејќи тие немале пари да ја надокнадат загубата од по 5 илјади евра дневно за време од овие два дена додека трае откупот:

Очигледно ова што се случува денеска, вчера и порано за вонредниот откуп, како и секоја година нешто се случува во откупувачите нереално. Сакам да кажам многу јасно дека денеска и од пред неколку денови одредени тутунопроизводители сакаат да предадат тутун, не затоа што му одговара цената, меѓутоа затоа што тие се зависни од кредити и од некои други работи, од верски празници и нова година и сите тие работи. Во овој случај и јас се прашувам зошто откупните претпријатија кои што имаат обврска да откупуваат тутун, денеска или пред неколку денови да велат дека – не денеска не откупуваме тутун. Што е причината? Она што сакаат здруженијата кои што претставници како поверениците ги оправдувам затоа што тие денеска имаат околу 300 повереници по 1000 денари еден повереник, тоа е 300 илјади денари, или 5 илјади евра. За неколку денови по 5 илјади евра, тоа значи дека тие немаат пари да ги исплатат тие повереници кои што се надлежни и морални да ги стават за заштита на самите тутунопроизводители. Како Асоцицијација бараме следно: под хитно самите откупувачи да се согласат да ја зголемат цената која што е реална од од 20 до 25 отсто од утрешниот ден да почнат со откуп. Ова што е како загуба од самите здруженија по 5 илјади евра дневно да ги преземат самите откупувачи. Тие здруженија или тие Сојузи немаат пари доволно да ги платат тие пари. Во овој случај ние нема да кажиме дека министерството дека не е одговорно за таа ситуација, меѓутоа инспекторатот за земјоделство е должен да го утврди ова што ние го кажуваме, ако е денес на терен ќе утврди дека откуп денеска не се врши, откупувачите не сакаат да го откупуваат тутунот кој што е од икс причини донесен на откупните ваги вели Перо Стојкоски од Асоцијација на земјоделци и фармери.

Би можело да ве интересира

В понеделник отворен ден на СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп

Пела Редакција

Обвинителството извршило увид, Ристески вели дека се работи за спрега од криминал и политика (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Браво Мила ! А, сега , КАКО да гласаме!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе