3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ДОЈДЕТЕ! Економското училиште на 25 ти организира новогодишен базар со хуманитарна нота

Новогодишните и Божиќните празници се вистинко време за подарување, за празнични честувања,за солидарност и личен пример за хуманост. Поттикнати од празничните моменти на дарувања, помагање и  хуманост,  учениците СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“-Прилеп,  познато како економското училиште,

организира новогодишен базар со хуманитарна нота, со прекрасна порака „Подари насмевки„. И, ги покануваат сите добронамерници, хумани луѓе, и оние кои ги сакаат новогодишните и божиќните празници, и кои веруваат во хуманоста, да ги посетат и новогодишниот хуманитарен базар да го збогатат со среќа и насмевка.

 

Новогодишниот хуманитарен базар, во организација на економското училиште , ќе се одржи на 25ти декември, понделник, во 15 часот, во дворот на училиштето.

А, таму веќе се’ е подготвено за базарот. Тезгите , украсени со светликаво руво,  веќе го красат дворот  на  училиштето, а на нив по симболична цена,  ќе се нудат  рачни изработки на новогодшни и божиќни украси,  кои ги подговиле учениците од ова училиште .

Но, тоа не е се’! Сите оние кои ќе го посетат новогодишниот хуманитарен базар  “Подари Насмевки“  во организација на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“- Прилеп, покрај насмевки од учесниците, ќе добијат и топол чај и бисквитни колачиња, за уште поубави, заеднички насмевки .

Собраните средства од продажниот хуманитарен базар , ќе бидат наменети за подароци на децата од Дневниот центар за децата со посебни потреби, а дел од средствата ќе бидат наменети за 12-сет годишното момче, Ангел Христовски, кој живее со ретка вродена мускулна дистрофија  и на кој со третман во Кина, има можност за подобрување и стопирање на напредокот на болеста, за кои се потребни 23 000 долари.

Учениците од економското училиште веруваат дека ќе помогнат Ангел да има достоинствено детство, и дека многу посетители ќе дојдат на хуманитарниот базар в понеделник, бидјеќи веруваат дека само со заедништво може да се соберат повеќе средства за да насмевка да ја имаат повеќе деца.

Би можело да ве интересира

Kaранфилоска: Природата е совршено место за пронаоѓање на сопствениот мир

Пела Редакција

(Видео) Отворен ден во СОУ “Ѓорче Петров“ – Како од ученик да се стане стручњак

Елизабета Филипоска

За поквалитетно образование, за ООУ „Кочо Рацин“ донација од Фондацијата МСП (Macedonian School Project )

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе