3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

За спас на тутунскиот откуп-Трипуноски со два предлога до Владата

Во Прилеп денеска се одржа средба меѓу пелагониските земјоделци, тутунари со Цветан Трипуноски, претседател на Комисија за земјоделство во ВМРО ДПМНЕ и поранешен министер за земјоделство, на која присуствуваа пратеникот Петар Ристески, градоначалникот Борче Јовчески, претседателот на Совет Дејан Проданоски, претставници од земјоделски здруженија. Трипуноски ги информираше земјоделците за предлозите кои како  апел ги упати до Владата – предлог формула како да се поткрене цената за надминувањето на актуелната криза со тутунскиот откуп:

-Државата и ресорното министерство преку научните институции кои се релевантни од областа под итно да направат производна цена за 2023 та година. На таа цена треба да се стави 30 % зголемување за да има некаков ќар кои што би го имале тутунопроизводителите. Владата тоа може да го направи и да го наметне како производна цена до државниот монопол до Тутунскиот Комбинат Прилеп каде таа цена би била зголемена за 30% за кооперантите кои се на Тутунскиот Комбинат. Овој тренд ќе го следат и другите компании бидејќи некои од нив со писмен допис се обраќаат до тутунарите и велат дека доколку цената се зголеми разликата од откупениот или на оној што ќе се откупува да ја доплатат. Што значи дека целата оваа математика би била успешно спроведлива. Од друга страна да не ги оптеретуваме само компаниите кои треба да го одврзат кесето – тука треба да влета и државата со дополнителен финансиски допринос. Ако субвенцијата за првата категорија е од 80 денари која што гледаме дека заради квалитетот на тутунот ќе оди се’ на прва класа, преку интервентниот фонд треба оваа субвенција за првата категорија да се зголеми на 110 денари. Тоа се некаде по 30 денари предаден тутун од интервентниот фонд кои што заради годината во која што се наоѓаме и цената зголемена за 30 % онаа откупна сума, мислам дека ќе биде барем многу подостоинствено кое што сега се нуди од страна на откупните компании, а од разговорите со тутунарите мислам дека таа цена над 450 денари ќе биде поприфатлива од овие сега мизерни 300 денари.

Оваа формула јас уште веднаш ќе ја предложам до Владата да го спроведе со цел да можеме да го поддржеме тутунопроизводството. Доколку Владата не се одважи и не го прифати овој предлог, доколку ВМРО ДПМНЕ земе учество во техничката Влада каде што на опозицијата и следува заменик министер за земјоделство ќе се предложи до Владата на седница предлог за измена на ова што го нудиме денеска за да стапи на сила и за да може компаниите да го спроведат. Доколку и тогаш власта не се одважи овој предлог што го нудиме единствено што ни останува е дека по поразот на СДСМ и ДУИ доаѓа сериозна Влада која сериозно ќе работи на достоинството на тутунарите, посочи Цветан Трипуноски од средбата со тутунари и земјоделци во Прилеп.

Земјоделците велат се крајно разочарани од моменталната состојба во земјоделството, сточарството и тутунопроизводството:

– Воопшто не сум бладарен од оваа ситуација. За млекото да не правиме муабет, за тутунот, за житото. Капитал вадиме, а динар не останува за нас. Тутунот исто така, одлучуваат само два монополи – битолскиот и прилепскиот. Да не ставам име за една фирма која прифаќа по 360 да се откупува тутунот, а овие две фирми не го одобруваат. Ние сега да протестираме нема потреба. Ние можеме само што имаме склучено договори со прилепскиот и битолскиот комбинат назад кутиите да се вратат да не се дава тутун, така се штрајкува. Имам 5 тона тутун и досега немам ништо предадено, а имаме голем притисок од власта со фактури, со кредити, притисок ни прават упорно да се даде тутунот за 300 денари. Ќе стојам, ќе застанам тутунот не им го давам, за таа цена не им го давам. Реалната цена треба да не биди под 450 денари. А субвенцијата за тутунот не 110 денари, туку две и пол евра треба да биде за килограм, па да опстаниме ние како земјоделци, како тутунари. Не 13 милиони кгр, туку нема 10 и сакаат за без пари да го земат тутунот како изминативе 6 години. Јас имам тутун дадено за 1 евро, вели Џевдед од Канатларци.

– Годинава состојбата со откупот е лоша. Тутунопроизводството е намалено поради временските услови и тој што е тутунот околу 12 до 13 милиони кгр се очекува да се земе по цена од 300 денари. Ние тутунарите не се сложуваме со таа ситуација. Тутунот лично мене ми е подготвен со 80% но за таа цена не го предаваме до последно. Не ни се исплаќа, нас маката не ни се исплаќа бидејќи трошоците се зголемени, намалени се приносите по декар. Тутунот од 400 до 450 просечна цена не ни се исплаќа да го предаваме. Нам на тутунарите не ни требаат протести туку што може побрзо да почне откупот со покачени цени. Ние цела година работиме а немаме пари земено, нам ни требаат пари сега идат празници и ние тутунарите сега сме остаени за никаде, вели Марјанчо Цветкоски тутунопроизводител од Прилеп.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата од полноќ

Пела Редакција

ВО НОРМАНДИЈА ОДДАДЕНА ДОСТОЈНА ПОЧИТ НА ПАДНАТИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ФРАНЦУСКАТА ВОЈСКА

Гордана Цветаноска

Коалиција СЕГА обезбеди заштитни средства за Ковид 19 превенција за деца и млади

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе