10.9 C
Прилеп
среда, 23 април, 2025
Пела Радио

Здружението Преродба во хуманитарна акција за Марко

Здружението Преродба вечерва организира хуманитарен концерт во Центарот за култура Марко Цепенков со почеток од 17 и 30 часот. Собраните средства се наменети за помош во лекувањето на малиот две и пол годишен Марко Мицески,  на кога му е потребно лекување во Турција со матични клетки,  оперативен зафат која чини 60 иллјади евра. На концертот ќе настапат естрадни уметници и хуманисти од цела Македонија:  пејачката група од здружението Преродба, Новогодишните снегулки – танцова група од прилепските детски градинки Наша иднина, вокалната пејачка група Ѓердан од Штип, пејачката група Нико Пусовски од Штип, пејачката група на пензионери од Македонски брод, КУД Пензионери Прилеп, пејачка група Распеани Кичевчани,  Тони Оцески од Велес, КУД Моминок од Прилеп и Алексо Тришкоски од Кичево.

Картите се по цена од 100 денари.

Ова е втор хуманитарен концерт на Здружението Преродба оваа година, организација, која само потврдува дека не е само чувар на традицијата, туку дека е заснована на длабоко хуманистички корени.

Би можело да ве интересира

Понеделник без струја во одреден период од денот ќе останат жители од неколку прилепски улици

Елизабета Филипоска

Македонскиот систем за управување со кризи и заштита од пожари е неефикасен, покажа ревизијата

Гордана Цветаноска

Абрашоски: Спорна набавка од 100 илјади евра е „камен на вратот“ на ЈКП Комуналец Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе