5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

(ВИДЕО) ВОДАТА ПОСКАПУВА ЗА 33 ОТСТО, УШТЕ СОВЕТОТ НА ОПШТИНАТА ТРЕБА ДА ЈА ПОТВРДИ ОДЛУКАТА

По препорака од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, во Прилеп услугата за водоснабдување ќе поскапи за  33 отсто. Корегирањето на цените за водоснабдување се реализира секои три години, вели Игор Гулабоски, директор на ЈКП Водовод и канализација Прилеп. Одлуката за процентот на зголемување на цените ја донесе Управниот одбор на ова јавно претпријатие. Крајниот збор го има Советот на општината.

Во просек, сметките за вода за домаќинствата ќе се зголемат за околу 190 денари.

-Според законот имаме регулирана цена на водата. Ние очекувавме Регулаторна да ни достави нови цени, врз основа на нашата работа во последните три години. Во Прилеп месечната потрошувачка на вода на едно домаќинство е околу 10 метри кубни. Па, врз основа на тоа, досегашната просечна сметка од 567,5 денари, со зголемувањето на цената на водата од 33 проценти, ќе изнесува 713 денари. Предлогот го прифати Управниот одбор на претпријатието. То значи дека Управниот одбор ја прифати минималната зголемена цена што ја предложи Регулаторна од 33 проценти. Инаку, највисокиот предлог за нова цена беше 72 проценти. Зголемувањето на цената е значајно за претпријатието да работи рентабилно, изјави Гулабоски.

Останува Советот на општината на наредна седница, а ќе биде во почетокот на 2024 година да ја донесе конечната одлука.

 

Би можело да ве интересира

Низ фотографии пошумување кај манастирот Св.Димитрија с.Селце

Елизабета Филипоска

Уапсен прилепчанец кој предизвикал повеќе пожари

Пела Редакција

На Плетварското езерце и оваа година ќе се полага Светиот крст за Водици

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе