2.4 C
Прилеп
сабота, 22 февруари, 2025
Пела Радио

Релативно мирна новогодишна ноќ на подрачјето на Прилеп

СВР Битола регистрира релативно мирна новогодишна ноќ на подрачјето на СВР Битола, односно во Битола, Прилеп и Ресен.

Во Прилеп регистрирани се два настани, првиот во 20:40 часот кога во ОВР  Прилеп С.Р. од Прилеп пријавил дека на улица „11-ти Октомври“ бил физички нападнат од едно лице, а вториот во 23:50 часот кога полициски службеници од ОВР Прилеп на улица „Кузман Јосифовски“ лишиле од слобода 16 годишен малолетник од Прилеп. При  извршен преглед кај лицето е пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава, потврдија од СВР Битола. 

Синоќа во 23 часот во СВР Битола В.Т. од Битола пријавил дека на улица „Свети Нектариј Битолски” бил физички нападнат од Т.С. и Н.В. двајцата од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Полициски службеници од ОВР Ресен во селото Крушје, ресенско ја лишиле од слобода Х.Б.(46) од село Горна Бањица, гостиварско, која се барала по распишана централна потерница од Основен суд Гостивар за издржување на казна затвор во траење од 6 месеци. Х.Б. е спроведена до Казнено поправна установа затвор „Идризово“.,инвормираат од СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Изгоре плевна со 600 бали тутун во с . Норово, крушевско. Материјалната штета проценeта на 15.000 евра

Елизабета Филипоска

Над 140 возачи казнети за брзо возење, регистрирани физички напади и пожар

Гордана Цветаноска

Горел автомобил кај Вештачкото езеро и пожар настанaл во штала кај Дабница

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе