16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Првороденото дете во 2024 во Прилеп е женско

Во Новата година, во Прилеп прво се роди женско бебе.

Еден час и половина по полноќ, на Одделението за гинекологија во прилепската градска болница среќната мајка Низакете Керимоска од селото Црнилиште, на свет го донесе своето второ дете.

Oд Одделението информираат дека и мајката и бебето се во одлична состојба.

Во текот на денот, првото новороденче во Прилеп во новата 2024 година добие подароци од градските власти и градоначалникот Борче Јовчески, книшка со 15.000 денари, како и други подароци за бебето.

„Во името на Општина Прилеп им подарив штедна  На родителите им ја честитав нивната втора радост со желби за прекрасно детство и многу здравје, среќа и успех!„- и’ посака на мајката, градоначалниот на Прилеп, Јовчески.
Веоедно, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески , при оваа прилика, Новата година им ја честита и на вработените во ЈЗУ Општа Болница ,,Борка Талески”, посакувајќи им годината да им биде многу бериќетна и да ја поминат во добро здравје, “со многу успеси и просперитет на сите полиња„, рече тој.

Би можело да ве интересира

Мирчески: Сте се излажале ако мислите дека и годинава ќе го земете тутунот за без пари!

Надградената апликација на МОЈДДВ сега со можност за донација

🚗Авто Контрол 10 часот-1ви октомври, 🏍 наградна игра -извлекување 🍀

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе