1.6 C
Прилеп
сабота, 18 јануари, 2025
Пела Радио

Првиот ден од новата година и струјомерите почнаа да вртат по нови цени, а на сметките се воведе и нова давачка

Со првиот чукнат час во новата година и струјомерите почнаа да вртат по нови цени, а на сметките се воведе и нова давачка – пристап до мрежа која за сите корисници од денеска 1ви јануари ќе чини 200 денари. Оваа ставка ќе важи за сите и ќе ја плаќаат и оние кои имаат празни станови, куќи и викендици. Новиот додаток се воведува за да има фер распределба на трошокот на мрежа меѓу редовните корисници и оние кои повремено ги користат објектите.

Инаку, потрошувачите во првиот блок ќе плаќаат поевтино за 5,16%, за втор блок и евтината тарифа останува иста, а благо покачување има во третиот и четвртиот блок од 2,88%, односно 1,86%. Овие цени се збир од цената на електричната енергија плус мрежарината.

И додека граѓаните се навикнуваат на новите цени и давачката – месецов ќе треба да се избере и нов Универзален снабдувач. Дали повторно ќе падне во рацете на ЕВН Хоум, ќе зависи од тоа дали ќе понуди најниска профитна маржа на тендерот.

Би можело да ве интересира

Пуштена модуларната ковидболница во Прилеп во присуство на државниот врв

Елизабета Филипоска

Македонија и Балканот денеска во чест на Тоше Проески

Пела Редакција

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем (68)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе