Тутунски комбинат Прилеп (ТКП), на последното акционерско собрание од 26 декември 2023 година, донесе одлука со која ги зголеми откупните цени на сите класи тутун за по 10 отсто, па Владата како најголем акционер во Тутунскиот комбинат Прилеп изгласа зголемување на откупните цени за кило тутун во сите три класи за по 10 отсто во секоја класа. Така, сега кај најквалитетниот тутун цената за еден килограм е зголемена за пола евро, а кај класата со најслаб квалитет покачувањето е 0,3 евра за килограм. Сега за килограм ароматичен тутун со првокласен квалитет ТКП ќе плаќа 330 денари наместо досегашните 300 денари. За втора класа ароматичен тутун цената се зголемува за 24 денари и се килограм ќе се откупува за 264 денари. За трета класа по квалитет ТКП ќе доплати 18 денари, а цената за еден килограм сега ќе изнесува 198 денари.
Тоа значи дека сите тутунопроизводители кои имаат договори за откуп со ТКП единствен државен откупувач на тутун во Македонија ќе склучат аванс на договорот со кој ќе добијат за 10 отсто повисоки цени од тие што биле регулирани во стариот ценовник на комбинатот. Новината со откупните цени е предизвикана од протестите и незадоволствотото на тутунопроизводителите ширум земјава кои бараа повисоки откупни цени.
Со одлуката што ја донесе ТКП во чија акционерска структура Владата е убедливо најголем сопственик, поседува над 80 отсто од сите акции со право на глас, се зголемуваат откупните цени за килограм тутун во трите класи.
Новите цени ќе важат за сите тутунопроизводители кои со ТКП склучиле договори за реколтата во 2023 година.
Целиот текст можете да го прочитата ТУКА https://faktor.mk/vladata-povleche-noga-tk-prilep-gi-zgolemi-otkupnite-ceni-na-tutunot-za-10-otsto