4.9 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Орден за носител на мирот за Прилепска пиварница од Детската амбасада за сите деца во светот

В недела, на 7 ми јануари, традиционално ќе се одржи Божиќниот ручек во организација на Детската амбасада за сите деца во светот. Се’ е подготвено за свеченоста на која ќе учествуваат деца од цела Македонија. На оваа прослава Детската амбасада за сите деца во светот го доделува највисокото признание за општествена одговорност „Орден за носител на мирот“. Оваа година признанието го добива Прилепска пиварница. Ќе бидат доделени две плакети за Пријател на децата кои оваа година ќе ги добијат Бим  Фуд и Фан Продукција Зоран Пилата. За успешна реализација на настанот помогнале повеќе македонски компании, заедно  со медиумските покровители во кои и годинава е Радио Пела.

– Годинава традиционално гости ќе ни бидат деца од цела Македонија кои на заедничка трпеза ќе го прослават Божик – денот на Христовото раѓање. На таа трпеза ќе седнат деца од различни целни групи како и деца истакнати членови на Детската амбасада. Децата се гости од Прилеп, Скопје, Битола, Куманово, Крушево, Струмица, Тетови и од останатите градови. Нашата порака е: „Едно небо за сите деца“, а тоа значи да се почитуваат помеѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладува толеранцијата, и сите ние заеднички да придонесеме кон градење на нашето општество бидејќи децата се нашата иднина, вели Александра Северкоска Стојаноски од Детската амбасада.

Вредностите кои се промовираат на самиот настан се еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децата, а тоа води до постулатот на програмските задачи на Детската амбасада за сите деца во светот дека сите деца се исти, дека сите деца се еднакви во остварување на своите права, односно дека ништо не е позначајно од среќата на детското лице. На оваа божиќна трпеза ќе се дружат дечиња и од другите верски заедници од исламската, еврејската, евангелиско методистичката заедно ќе се дружат и ќе празнуваат. Исто така ќе има деца кои пораснале со вредностите кои ги промовира  Амбасадата.

– Во Детската амбасада за сите деца во светот сум веќе 14 години. Сум присуствувал на сите нивни настани, на работилници, дружења. Познанствата остануваат од пред 10 години. Пораката би била- предружете ни се, бидејќи небото е исто за сите деца во светот, вели 24 годишниот Михаил Алексоски, студент од Прилеп.

Божиќниот  ручек ќе го бласлови неговото високо преосвештенство Митрополитот Преспанско Пелагониски и Администратор Австралиско Новозеландски господин Петар. На сите деца ќе им бидат доделени пакетчиња за кои се погрижил градоначалникот Борче Јовчески.

Настанот во забавниот дел ќе го збогатат Танц студиото Зодијак и со свои солистички изведби Димитар Иваноски од Прилеп и  Јована Ристановска од Битола.

Би можело да ве интересира

Авто Контрол од утре,11 ти февруари, недела, ќе доделува НМК налепници

Пела Редакција

Во прилепскиот затвор пронајдена дрога

Пела Редакција

Отворена оперативна акција „Пожар 2024“: Целосна мобилизација на МВР во спречување и справување со пожарите

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе