11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Ако обезбеди опстанок – Победа ќе има европски буџет

Фудбалски Прилеп со големи очекувања за последниот и одлучувачки натпревар со кој Победа ќе го потврди својот прволигашки статус. Мегданот на кој ќе се игра решавачкиот дуел е стадионот Младост во Струмица, датумот е 3 ти јуни, но се уште се чека противникот кој Победа ќе го добие по средбата меѓу второлигашите Борец и Гостивар. Кои се очекувањата, колку екипата е подготвена и што понатаму, ова беа дел од прашањата на денешната средба со новинарите во ФК Победа АД.

– За првпат во историјата на нашиот клуб Победа ќе имаме соодветен буџет за следната сезона. Буџет за Европа. Тој буџет ќе ни даде можност да се преструктуираме, да поставиме нов систем, нова потстава, да ангажираме нови играчи. Овој пат нема да биде изборот на еден човек. Ќе определиме комисија која ќе биде задолжена за избор на новите засилувања и задржување на постојните играчи. Самиот буџет и новата организациона структура е потврда дека конечно ќе направиме тим, соодветен и достоен за Европа. Тим достоен за прилепчани и љубителите на фудбалот од градов и тим кој ќе ни овозможи конечно во недела да можеме да дојдеме и да уживаме во убава игра на нашиот стадион, истакна В.Д. претседателот на ФК Победа АД Ирена Јакимоска.

За „Денот Д“ на 3 ти јуни, постои голем интерес, а Победа ќе организира автобуси за навивачите, што ќе значи голема поддршка за играчите и клубот.
Тони Мегленски, шефот на стручниот штаб, одлучно застана зад екипата, без колебање за тоа на чија страна е квалитетот, со оглед на тоа што станува збор за втолигашки екипи, но сепак негова желба е противникот да биде Борец од Велес.
– Во баражот ќе играме со второлигашка екипа и се надевам дека ќе излеземе како победници. Но ако евентуално го загубиме тој натпревар тогаш ние навистина и не заслужуваме да играме во Првата лига. Играме со условно кажано послаб противник-второлигаш. Не сакам никого да потценам, јас така го разбирам фудбалот во овој момент. Од играчка гледна точка на располагање се сите фудбалери, немаме ни повредени ни казнети и мислам дека оваа шанса за Победа не смее да се пропушти. Како град, како клуб во наредниот период имаме огромен потенцијал, рече шефот на стручниот штаб Тони Мегленски.
Сега се е во рацете на играчите кои без оглед на притисокот ќе направат се за потврдување на прволигашкиот статус.
-Сакам да се заблагодарам на управата и Стручниот штаб затоа што кога беше најтешко тие застанаа зад нас фудбалерите, а ние од наша страна бевме презадоволни и немавме никакви проблеми. Тоа ни помогна многу за да играме бараж сега и морам да го кажам тоа.Играчите сите од прв до последен кои се во соблекувалната покажаа карактер и заслужуваме да играме Прва лига, истакна еден од најдобрите поединци на теренот Зоран Даноски кој даде голем придонес за постигнатите резултати во пролетната сезона со постигнати 8 голови.

Би можело да ве интересира

Прилеп домаќин на државното првенство во ридски велосипедизам

Елизабета Филипоска

Прилепските велосипедисти се закитија со сребро и бронза

Ракометната репрезентација на Македонија на ЕП по петти пат

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе