Даниела Перканоска и Авто Контрол продолжуваат по патот кој го трасираше Љупчо Перканоски со несебично донирање, помош, добротворство, хуманост, несебична поддршка кон заедницата. Кога се работи за деца и за спорт, Авто Контрол како општествено одговорна компанија секогаш е на нивна страна.
Фудбалерчињата од генерацијата 2014 во фудбалската школа “Перак” добија опрема од Даниела и Авто Контрол, со која ќе настапуваат на Меѓународен турнир во Сараево, Босна и Херцеговина. Тренерот на екипата и долгогодишен спортски работник Зоран Димоски се заблагодари за гестот, за помошта која ќе значи многу за фудбалската школа „Перак“, но истовремено и поттик за останатите прилепски фирми да ги поддржуваат спортот и младите:
„ФК ПЕРАК ИСКАЖУВА ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО ГОСПОЃА ДАНИЕЛА ПЕРКАНОСКА СОПСТВЕНИЧКА НА АВТО КОНТРОЛ ЗА НЕСЕБИЧНАТА ПОДРШКА ВО ВИД НА СПОНЗОРСТВО НА СПОРТСКА ОПРЕМА СО КОЈ ПОТЕГ ИМ ОВОЗМОЖИ НА НАШИТЕ ФУДБАЛЕРЧИЊА ОД ГЕН.2014 УБАВО СПОРТСКИ ОБЛЕЧЕНИ ДА ГО ПРЕТСТАВУВААТ НАШИОТ ГРАД ПРИЛЕП И НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА НА СИЛНИОТ МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО САРАЕВО ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА. СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА НАШАТА СОРАБОТКА ЌЕ ПРОДОЛЖИ И ПОНАТАМУ. СПОРТСКИ ПОЗДРАВ И ОДИМЕ СО СИЛНА ПОЗИТИВНА СПОРТСКА ЕНЕРГИЈА.“
Авто Контрол, Љупчо и Даниела Перканоски се познати помагатели на спортот. За многу спортски екипи и турнири пресудна била финансиската и материјалната помош која што неодамна починатиот Љупчо и неговата компанија несебично ја подарија, а патот на хуманоста продолжува. Секоја чест !!!