9.1 C
Прилеп
петок, 18 април, 2025
Пела Радио

На Плетварското езерце и оваа година ќе се полага Светиот крст за Водици

Кај селото Плетвар на Плетварското езеро ќе се одржи традиционалното влегување во водите и оддавање почит на Светиот крст по повод православниот празник Богојавление Водици. Настанот е уникатен. Оваа година е четврта по ред, а може да учествувааат заинтересираните кои ќе се пријават. Учесниците ќе чекорат со осветениот крст во водите на одредено место обележано во форма на крст и при излегувањето го принесуваат, го предаваат крстот на следниот пријавен. Настанот започнува од 11 часот на 19 ти јануари.  Домаќини оваа година се Игор Димоски-Папе и Оливер Димески.

 

Почитувани пријатели,
Ве покануваме и оваа година, традиционално во чест на големиот Православен празник Богојавление Христово на настан кој ќе се одржи на 19-ти јануари со почеток во 11 часот во с. Плетвар (кај езерото).
Сите верници и посетители кои сакаат да бидат дел од овој настан да не известат на следниот телефонски број 078 520 792 или во порака најкасно до 17-ти јануари.
Домаќини и кумови оваа година се Игор Димоски-Папе и Оливер Димески.
Ве очекуваме заедно да го дочекаме и одбележиме големиот празник.

Би можело да ве интересира

Грашеска Илиеска: Ребалансот на општинскиот буџет го открива лицемерието на локалната власт

Пела Редакција

Опожарени новите електрични мини-буси во Прилеп на Автобуската станица

Пела Редакција

Димитриевски: нема да дозволам Македонецот да биде граѓанин од втор ред во својата држава

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе