19.4 C
Прилеп
понеделник, 5 мај, 2025
Пела Радио

(ВИДЕО) – Најсреќен за Василица во Прилеп беше Љупчо Трајкоски – прилепчани доследни на традицијата

По трет во центарот на Прилеп кај платото пред Градскиот Саат се одржа манифестацијата “На Василица во Прилеп”. Организаторот, локалната самоуправа заедно со повеќе општествено одговорни компании на присутните им поделија повеќе од 500 буреци, а само во еден беше паричката, која ја пронајде 47 годишниот Љупчо Трајкоски, невработен кој за прв пат во својот живот ја добива паричката на еден ваков убав празник, а честитајќи го празникот до сите христријани, си посака и тој во оваа година да се вработи. Прилепчани беа доследни на традицијата и рекоа дека ова треба да продолжи да се негува во централното градско подрачје, а подоцна секако да се врти мазник, бурек или пита и во домашен амбиент.

И оваа година имаше буречиња за сите присутни исто како греано вино и топол чај. Очекувањата од организаторите се од година во година прославата на овој празник да биде помасовна се разбира со богата културно уметничка програма пред платото од Градскиот саат.

 

Би можело да ве интересира

Обоено и весело се одбележува „Неделата на детото“ во прилепските градинки

Пела Редакција

Започна Детскиот театарски фестивал „Силјан Штркот“

Пела Редакција

Црковно-научна трибина: „1160 години од Моравската мисија на солунските браќа и просветители  Св. Кирил и Методиј“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе