24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Наместо победа, натпревар без голови во Прилеп

Денешниот меч на градскиот стадион Гоце Делчев во Прилеп меѓу Победа и Осогово  во рамките на 27 то коло од ВМФЛ започна со оддавање почит со едноминутно молчење кон прерано починатиот Николче Здравески, легендарниот фудбалер и тренер од Прилеп.

Негова фотографија беше истакната на големата трибина, а целата публика неколкупати го скандираше неговото име во знак на почит и голема благодарност за се она што Здравески го направи за прилепскиот и македонскиот фудбал.

Резултатот е 0:0, наспроти очекувањата за нови три бода за домашниот тим. Меѓутоа, кочанската екипа со борбена игра успеа да го сочува својот гол. До 81. минута мрежата одлично ја одбрани прилепчанецот на голот од Осогово, Ѓорѓи Јованоски. Но откако тој доби црвен картон по фаулот врз Горан Димоски надвор од шеснаесетникот, на голот застана играчот Никола Стоиловски. И тој ја сочува својата мрежа во наредните 14 минути – 9 од основниот дел и 5 од судиското надополнување. Најизгледната шанса ја имаше Бектеш Исмаил со удар во левиот голмански агол, но Ѓорѓи Јованоски се фрли и одбрани.

Следното 28 мо коло Победа на 6 ти мај игра во Скопје против истоимената екипа.

Извор www.shampion.mk

 

Би можело да ве интересира

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со вонреден инспекциски надзор во прилепската болница

Пела Редакција

Пачешкоски: За 10 дена издадени 4 600 „бели картони“ во Прилеп и Кривогаштани

Над 200 учесници во Плетварско езеро за Водици

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе