3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Дарко Неданоски во мисија за рушење на два рекорда за 24 часа

Неуморен, решителен во поместувањето на границите – тоа е Дарко Неданоски, познат по многу подвизи, спасувачки акции. Рушењето на рекорди е негова пасија. Наскоро, поттикнати од неговата желба за подвизи една македонска продукција ќе снима документарен филм наречен „Еден метар“. Потребно е екипата која што ќе снима да се физички да се подготви за да може да ги документира двата нови рекорди на Дарко во 24 часа еден метар повисоко, и еден метар подлабоко. Дарко ќе ја започне експедицијата со нуркање 40 метри во езерото Матка, по што следува спуштање уште над 40 метри во пештерата Крштална, чија длабочина ќе зависи од нивото на водата. Тој очекува да се спушти на длабочина од околу 84 метри и со тоа да го собори досегашниот рекорд за 1 метар. По нуркањето истиот ден на алпинистичкиот локалитет Марков Ѕид или Стогови во близина на Прилеп, Дарко ќе се искачи на највисокиот вертикален ѕид во Македонија по маршрута која досега не била искачена. Патеката, чие искачување ќе трае околу три часа, е за 1 метар подолга од сите патеки на вертикални карпи во Македонија.

Со Дарко Неданоски во програмата Радио што се гледа разговаравме и за иницијативата која што оваа година е четврта по ред празнување на Водици на Плетварското езеро на еден поинаков начин.

 

Би можело да ве интересира

Мирчески: Време е за серизни политики, да го вратиме достоинството на земјоделецот!

За референдумот до ДИК од дијаспората доставени 742 пријави

Гордана Цветаноска

СВР Битола и ОВР Прилеп го одбележаа Денот на македонската полиција, 7ми Мај

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе