24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Турнир во шах за просветни работници од средните училишта

СОУ Орде Чопела беше домаќин на Првенство во шах за просветни работници од средните училишта во општина Прилеп. Целта на овој турнир е дел од иницијативата за афирмација на шаховската игра во училиштата. Дека шахот е популарен меѓу просветните работноци покажа учеството на претставници од сите средни училишта. Од деветте професори најуспешен беше Дејан Ѓорѓиески од СОУ Ристе Ристески-Ричко. Второто место го освои Филип Ачкоски од СОУ Орде Чопела, додека трет е Гоце Ѓорѓиоски од СОУ Гимназија Мирче Ацев. СОУ Орде Чопела се покажа и овој пат за добар домаќин.

Турнирот беше во организација на ШК Пелагон Прилеп.

Би можело да ве интересира

На календарот за вакцинација, од денеска две нови задолжителни вакцини

Со еден милион денари ќе учествува општината во изградбата на инклузивно детско игралиште на Могила

Традиционален Божиќен ручек за 500 деца

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе