8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Студените утра со температури под нулата не го одминуваат Прилеп

Утрово најстудени грaдови со -6 степени беа Берово и Битола, -4 Дебар, -3 Тетово и Прилеп, -2 Охрид,  Претор, Струмица, Демир Капија, -1 Маврови Анови, 0 Штип, Крива Паланка, Велес, Гевгелија, Кавадарци, Скопје-Петровец, 1 Крушево, Виница, Куманово, Скопје-Зајчев Рид, 6 Дојран.

Висината на снежната покрива е 16 см во Маврови Анови, 14 Дебар, 11 Битола, 10 Берово, 8 Ѓуриште, Крушево, Попова Шапка, 4 Тетово, Охрид, 2 Демир Капија.

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно со слаб до умерен претежно северен ветер. Изутринава е умерено до значително облачно. Дува слаб до умерен ветер со променлив правец.

Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж . Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините краткотрајно и локално ќе провејува снег. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени.

Би можело да ве интересира

„Младинската картичка“ пормовирана во Прилеп

Елизабета Филипоска

Не исправна вода за пиење во две села во прилепско

Елизабета Филипоска

Корoнавирусот ги затвори фризерските и козметичарските салони – бараат мерки за зачувување на бизнисот

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе